Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Земјоделство и рурален развој11

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 11 е одржан на 02.12.2019-05.12.2019

Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ е најстара и една од најважните политики, како во однос на бројот регулативи што ја регулираат оваа област, така и од аспект на уделот на земјоделскиот буџет во вкупниот буџет на Европската Унија. Поточно, големината на буџетот на Заедничката земјоделска политика е многу висока и е малку помалку од 40% од вкупниот буџет на ЕУ.

Нејзината примарна цел е да обезбеди:

  • Стабилно снабдување со квалитетна, безбедна храна за населението;
  • Пристапни цени и соодветен приход за земјоделците;
  • Модернизација и развој на земјоделското производство и
  • Модернизација и развој на руралните области.

Денес, особено внимание се посветува на подобрувањето на безбедноста и квалитетот на храната, заштита на животната средина, обнова и развој на руралните култури, зачувување на културните богатства и традиционалните обичаи. Се промовира рурален развој, вклучувајќи рурален туризам, традиционални занаети, подобрувања во инфраструктурата, како и производството на квалитетни органски и автохтони земјоделски производи.

Заедничката земјоделската политика на ЕУ вклучува бројни области и аспекти и се имплементира преку три клучни видови на мерки, кои го сочинуваат темелот на политиката. Станува збор за следните мерки:

  1. Директни плаќања. Директните плаќања подразбираат дека, под одредени услови (животна средина и здравје на човекот, безбедност на храна, почитување на благосостојбата на животните, одржување на земјиштето во добра состојба или почитување на барањата за „позеленување “(greening)), земјоделците добиваат стимулации без оглед на тоа со кој вид на производство се занимаваат. Целта на овие стимулации е да се обезбеди стабилен приход без оглед на флуктуациите и неизвесностите на пазарот. Мерките се финансираат од Европски гарантен земјоделски фонд (EAGF).
  2. Пазарни мерки. Пазарните мерки имаат за цел да ги стабилизираат земјоделските пазари и да спречат ескалација на пазарните кризи (мерки на интервенција на пазарот) ; да ја зголемат побарувачката и да им помогнат на земјоделските сектори на ЕУ подобро да се прилагодат на пазарните промени. Неопходно е да се потенцира дека во оваа област, како во областа на директните плаќања, државите-членки не може да имаат свои национални мерки; наместо тоа, оваа политика се спроведува централно, на ниво на ЕУ. Мерките се финансираат од Европски гарантен земјоделски фонд (EAGF).
  3. Политиката на рурален развој. Руралниот развој вклучува мерки потребни за развој на активности во руралните области кои придонесуваат за зајакнување на конкурентноста на земјоделството и шумарството како и за подобрување на биодиверзитетот на руралните области. Потребите и предизвиците во руралниот развој се адресираат преку национални и регионални програми на секоја држава-членка. Овие мерки се финансираат од Европскиот  земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD).

Пристапните преговори во Земјоделството се претежно фокусирани на процедурите за идните директни плаќања, поддршка на руралниот развој и потребата од преодни мерки кои ја олеснуваат интеграцијата на земјата во ЕУ, земајќи ги предвид специфичностите на земјоделскиот сектор во државите кандидатки. Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи. Од тука, за целосно функционирање на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), потребна е соодветна примена на овие правила и нивно ефикасно спроведување и контрола од страна на ефикасна јавна администрација.

Правилното спроведување на ЗЗП бара исто така од Македонија поставување на системи на управување и квалитет и јакнење на постоечките административни структури како што се:

Платежната агенција (позната како ИПАРД агенција) односно Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) која ги имплементира програмите за финансиски развој во земјоделството, рибарството, аквакултурата и руралниот развој. Агенцијата има задача детално да ги обработува барањата на корисниците, да одобрува, а потоа правично да исплаќа парична поддршка и парични надомести на крајните корисници, во согласност со националните и европските прописи.

Интегриран систем за администрација и контрола (IACS/ИСАК) на политиките на поддршка на земјоделството и руралниот развој. ИСАК системот предвидува воспоставување, операционализација и поврзување на следниве административни, контролни и информациони елементи од интегрираниот систем: Единствен регистар на земјоделски стопанства, Систем за идентификација на земјишни парцели (ЛПИС), Мрежа на сметководствени податоци на фарма (ФАДН), Земјоделско пазарен информативен систем (ЗПИС) и подобрување на земјоделските статистики. 

Мрежа на сметководствени податоци на фарма (ФАДН). Мрежата подразбира дека земјоделските производители водат сметководство на стопанствата со што се овозможува подобро креирање и насочување на земјоделската политика.

Заедничките пазарни организации (Common market organisations или CMO). Овие организации интегрираат одделни сегменти на земјоделското производство (вино, овошје и зеленчук, вклучително и обработливи култури, шеќер, производи од животинско потекло и специјализирани култури итн.) и претставуваат рамка за спроведување на шемите на поддршка на земјоделското производство.

Администрација за ефикасна примена на прописите на ЕУ за органско производство и спроведување на политика на квалитет која ги опфаќа следните заштитени ознаки за квалитет на земјоделски и прехранбени производи:

  • Заштитена ознака за потекло – ЗОП/ Protected designation of origin (PDO)
  • Заштитена географска ознака – ЗГО/Protected geographical indication (PGI и GI)
  • Гарантиран традиционален специјалитет – ГТС /Traditional speciality guaranteed (TSG)
  • Реформиран земјоделски сектор. Очекувана корист од членството во Унијата е ширење на пазарот и зголемување на квалитетот на земјоделските производи вклучувајќи ја и зголемената стабилност на пазарот и поефикасната администрација. Со влез во Европската Унија Македонија ќе има можност да ги усклади своите прописи со кои се регулира производството, преработката и продажбата на земјоделските производи на заедничкиот пазар, како и трговијата со држави надвор од ЕУ. Понатаму, реформирана земјоделска политика ќе придонесе кон рационализирање на земјоделските пресметки, ќе го олесни планирањето во секторот, а со тоа ќе се зголеми и вработувањето во земјоделството.
  • Пристап до заедничкиот пазар Членството во ЕУ исто така значи и слободен пристап до заедничкиот пазар што значи дека македонските земјоделски производители ќе можат без никакви препреки да се пласираат на големиот заеднички пазар на Европската Унија. Предизвик ќе биде прилагодувањето на домашните производители на пазар поголем од 500 милиони потрошувачи.
  • Пристап до поголемите Европски фондови за земјоделство и рурален развој,– Со пристапувањето во ЕУ, Македонија ќе го применува системот на директни плаќања, при што плаќањето повеќе нема да зависи од произведените количини, туку од почитувањето на добри земјоделски и еколошки практики (“cross –compliance”). За да остварат право на директни плаќања, земјоделците ќе мораат да исполнат одредени барања, во согласност со прописи предвидени од страна на ЕУ. Значаен дел од овие фондови ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, при што од корист ќе биде веќе стекнатото значајно искуство со ИПАРД за земјоделските и руралните заедници .
  • Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор. Основна корист од членството во ЕУ е финансирањето на директните плаќања и мерките за рурален развој преку земјоделските фондови и програми на Унијата и користење на европските средства за преструктурирање на земјоделското производство, со што би се зголемила и конкурентноста на земјоделскиот сектор во целост и значително би се растоварил и националниот буџет.
  • Заштита и регистрација на производите . Со усвојувањето на прописите за квалитет на земјоделските производи Македонија може да ги регистрира и заштити на ниво на Унијата земјоделските и прехранбените производи кои се веќе регистрирани и заштитени со национални ознаки на потекло, географско потекло или гарантиран традиционален специјалитет. Регистрирањето на традиционални македонски производи ќе овозможи полесна продажба на заедничкиот пазар на Унијата како и пробив и продажба на производи кои дотогаш не биле присутни на европскиот пазар. Охридската цреша е прв македонски земјоделски производ регистриран со заштитено географско потекло.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 11:

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ е:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Државен инспекторат за земјоделство
Агенција за храна и ветеринарство

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ХОРИЗОНТАЛНИ ПРАШАЊАза кое подрачје институција носител е:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии
Министерство за финансии – Царинска управа
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Агенција за катастар на недвижности
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Биро за стокови резерви
Управа за хидрометеоролошки работи
Управа за водостопанство.

ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ за кое подрачје институција носител е

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерството за економија
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој 
Агенција за храна и ветеринарство.

РУРАЛЕН РАЗВОЈ за кое подрачје институција носител е

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии
Министерството за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Агенција за храна и ветеринарство.

ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО за кое подрачје институција носител е

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ за кое подрачје институција носител е

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерството за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за финансии
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој IPARD PAYING AGENCY
Државен завод за индустриска сопственост.

Други релевантни институции и актери

Државен инспекторат за земјоделство
Министерство за Здравство: Дирекција за храна
Управа за ветеринарство
Факултет за ветеринарна медицина
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството NationalextensionAgency
Национална федерација на фармери
Земјоделски институт Скопје.

 

Регистри на државно земјоделско земјиште   
Македонски почвен информативен систем
База на податоци за пестициди на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Земјоделски факултет
ЕУ база на пестициди
Сојузот на граѓански здруженија „Мрежа за рурален развој на Република Македонија“ – „МРР на РМ“
Земјоделски пазарен информативен систем
Извршна агенција на ЕУ за потрошувачи, здравје, земјоделство и храна
Европски центар за превенција и контрола на болести
Портал на ЕУ: RASFF- the Rapid Alert System for Food and Feed за потрошувачите
EIP-AGRI Европско партнерство за иновации во земјоделството
Европска мрежа за рурален развој
Заедничка земјоделска политика на ЕУ: Политика на рурален развој
Информативни страни на Европската Комисија за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП)
Ознаки за квалитет на земјоделските производи во ЕУ (PDO, PGI и TSG)
Регистри на заштитени производи со ознаки за квалитет во ЕУ
Био-лого на ЕУ за органско производство
Информативни страници, база на партнери и проекти за ЛИДЕР LEADER Метод за рурален развој
ФАО ООН Организација за храна и земјоделство
АГРИ.МК Информативни страници
Регистри на производители (оператори) на органски земјоделски производи