Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Слободно движење на стоки01

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 01 е одржан на 15-18.01.2019

Слободата на движењето на стоки е една од четирите основни слободи кои го овозможуваат ефикасното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија. Останатите три слободи се: слободата на движење на работници (Поглавје 2); правото на основање претпријатие и слободата на давање на услуги (Поглавје 3) и слободата на движење на капитал (Поглавје 4).

Принципот на слободно движење на стоки подразбира дека производите може да се движат слободно на целата територија на Унијата, без законски пречки и било какви ограничувања на нивното количество. Исклучок од ова правило се одредени културни добра (на пр. уметнички добра) и оружјето за кои важат посебни мерки и ограничувања.

Слободата на движење на стоките подразбира отстранување на сите бариери во трговијата кои го оневозможуваат пласирањето на производи кои потекнуваат од една држава членка на ЕУ, на националните пазари на друга држава членка. Пристапот на производите од други држави-членки на националниот пазар една држава може да го услови или забрани само под одредени услови и во одредени ситуации во смисла на заштита на јавниот морал, јавната безбедност, јавниот интерес, здравјето и животот, заштита на националното богатство (уметничко, историско, археолошко), заштита на животната средина и сл.

Отстранувањето на препреките за слободното движење на стоките се остварува преку воедначени национални прописи и технички барања за производите (хармонизација)  и тоа особено за оние производи за кои е утврдено дека носат поголем ризик за потрошувачите. На тој начин се обезбедува еднакво ниво на заштита на јавното здравје, на потрошувачите и на животната средина на целата територија на заедничкиот пазар на ЕУ. За производите кои не се опфатени со европското законодавство (не се предмет на хармонизација) се применува принципот на взаемно признавање. Взаемното признавање, принцип кој произлегува од праксата на Европскиот суд на правдата, гарантира дека било кој производ кој законски се произведува и пласира (продава)  на пазарот на една држава-членка може слободно да се продава во друга држава-членка. Ова е возможно дури и во случај производот да не ги задоволува целосно техничките норми и барања на другата држава.

Поглавјето 1 ги опфаќа техничките прописи кои ја регулираат инфраструктурата за квалитет односно соодветни институции и доволен број на стручен кадар во која влегуваат:

  • Стандардизацијата
  • Акредитацијата
  • Метрологијата
  • Оценка на усогласеноста на производите (со сите законски барања)[1] и
  • Надзор на пазарот.

Овие прописи се однесуваат на  речиси 80% од сите производи  и го опфаќаат т.н. хармонизирано подрачје. Тоа пак од своја страна се заснова на :

  1. Директиви/регулативи од т.н. стар пристап кои утврдуваат точни и детални спецификации на производите (типичен пример за вакви производи се моторните  возила, хемикалиите или играчките)

и на

  1. Директиви/регулативи од т.н. нов или глобален пристап во кои се наведуваат општи односно важни барања кои треба да ги исполнат производите како и нивното означување пред пласирање на пазарот (како на пр. електронска и електрична опрема, машини и медицинска опрема).

Националните прописи на државите-членки кои го регулираат пласирањето на производите на националните пазари и за кои се применува принципот на взаемно признавање го сочинуваат т.н. нехармонизирано подрачје. Овие прописи се најразлични, но никако не смеат да содржат одредби кои ќе го попречуваат или отежнуваат слободното движење на стоки односно одредби кои претставуваат дополнително оптоварување за влез на странски производи на пазарот. За да се избегнат технички препреки во трговијата, националните прописи мора да бидат во согласност со членовите 34-36 од ДФЕУ односно со начелото на взаемно признавање. Исто така постои обврска за Нотификација за националните технички прописи (известување за нацрт националното законодавство). Националните прописи исто така може да бидат предмет на преговорите за членство.

[1] За оценка на усогласеноста или сообразноста на производите (на англиски conformity assessment) види повеќе на следната врска: https://ec.europa.eu/growth/single-market/goods/building-blocks/conformity-assessment_en

  • Од првиот ден на членство македонските производители ќе имаат можност за проширување на пазарот за нивните производи кои ќе можат да им конкурираат на сите други европски производи според истите услови и правила. Тоа значи пласман на производите без гранични контроли и поврзани трошоци; без квантитативни ограничувања; без дополнителни трошоци за царински давачки и без трошоци за двојни тестирања.

 

  • Потрошувачите ќе добијат пристап до повеќе, поразновидни, поквалитетни и поевтини производи поради зголемената конкуренција од една страна и намалените трошоци на производителите од друга страна. Дополнително, ќе постојат поголеми гаранции за безбедноста и сигурноста на производите поради поголемата контрола и поголема заштита на здравјето на потрошувачите како и генерално поголема заштита на животната средина. Дополнителна корист за потрошувачите е нивната поголема информираност за производите на пазарот поради обврските за подетално декларирање на нивните карактеристики.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 1:

СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ е:

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за правда
Министерство за внатрешни работи
Министерство за култура
Министерство за транспорт и врски
Министерство за здравство
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за економија – Биро за метрологија
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Институт за акредитацијана Република Северна Македонија.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ОПШТИ ПРИНЦИПИ за кое подрачје институција носител е:

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за транспорт и врски
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Министерство за култура
Министерство за правда
Министерство за економија – Биро за метрологија
Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
Агенција за лекови и медицински средства
Агенција за храна и ветеринарство

ХОРИЗОНТАЛНИ МЕРКИ за кое подрачје институција носител е

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за транспорт и врски
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за култура
Министерство за економија – Биро за метрологија
Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Институт за акредитацијана Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство
Агенција за лекови и медицински средства.

СТАР ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ за кое подрачје институција носител е :

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија – Биро за метрологија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за животна средина и просторно планирање
Агенција за лекови и медицински средства
Агенција за храна и ветеринарство
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија.

НОВ И ГЛОБАЛЕН ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ за кое подрачје институција носител е

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија – Биро за метрологија
Агенција за лекови и медицински средства
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Институт за акредитацијана Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство.

ПРОЦЕДУРАЛНИ МЕРКИ за кое подрачје институција носител е

Министерството за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за финансии – Царинска управа
Министерство за култура.

Други релевантни институции и актери

Организација на потрошувачи на Македонија
Управа за хидрометеоролошки работи.

Портал на ЕУ за внатрешниот пазар, индустрија, претприемништво и МСП
Портал  на ЕУ за внатрешниот пазар на стоки
YourEurope:Портал на ЕУ со информации за водење бизнис во ЕУ
CEN  Европска организација за стандардизација
CENELEC  Европска организација за електро-техничка стандардизација
ETSI  Европска организација за стандардизација во областа на ИКТ
Информативни страници на ЕК за барања кои треба да ги исполнат производите во ЕУ: стандарди, сообразност, етикетирање, означување и хемикалии
ECHA  Европска агенција за хемикалии
ECHA Информативни страници за регулативите за хемикалии REACH и CLP
EA Европска асоцијација за акредитација
ЕА МLA Договори за взаемно признавање на системите за акредитација во ЕУ
KCDB BIPMМеѓународно биро за тегови и мерки
EURAMET Европска асоцијација на национални метролошки институти
EMPIR Европска програма за истражување и развој во метрологијата
Информативни страни на Европската комисија за европските стандарди
ДИТИ  Државен инспекторат за техничка инспекција Листа на овластени инспекциски тела за техничка инспекција
EFTA Европска организација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија)