Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Право на трговски друштва06

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 06 е одржан на 21.10.2019

Правилата на ЕУ за трговски друштва се однесуваат на основањето и работењето на трговските друштва во државите-членки на Европската унија. Таа опфаќа три дела: Закон за трговски друштва во потесна смисла, Сметководство и Ревизија. Правото на трговско друштво во потесна смисла подразбира правила за основање, регистрација, одредени аспекти на тековното работење, домашно и прекугранично спојување и поделба на компании. Подрачјата на сметководство и ревизија вклучуваат меѓу другото воспоставување на систем на проверка на квалитетот на работата на ревизорската фела, контрола на делотворноста на системот на јавна контрола како и на системот на објавување на годишните финансиски извештаи.

Правото на ЕУ за трговски друштва исто така ги опфаќа и прашањата во врска со корпоративното управување и се фокусира на односите меѓу менаџментот на компаниите, одборите, акционерите и другите засегнати страни односно на начинот на кој се управува и контролира компанијата.

Целта на правилата во областите опфатени со трговското право е :

  • Да се да овозможи основање на претпријатија и нивно делување во било кој дел на ЕУ
  • Да се обезбеди заштита на акционерите и другите партнери со одреден интерес во претпријатијата како што се вработените и кредиторите
  • Да се овозможи бизнисите да бидат поефикасни, поконкурентни и одржливи на долг рок
  • Да се охрабрат претпријатијата кои се регистрирани во различни држави членки да соработуваат меѓу себе.

ЕУ законодавството во областа на Правото на трговски друштва уредува прашања поврзани со обврската на друштвата да објавуваат документи и податоци; правила за основање, спојување и поделба на јавни трговски друштва со ограничена одговорност; правила за прекугранично спојување на друштва со ограничена одговорност; обврска за обелоденување информации во врска со филијали основани во земја-членка од страна на одредени типови трговски друштва;  правила за едночлени приватни друштва со ограничена одговорност; правила за понуди за преземање на компании, ; правила за остварување на некои права на акционерите во друштва кои котираат на берзата и Статутот на Европската компанија .

Во областа на финансиското известување, законодавството на ЕУ утврдува правила за презентирање на годишните и консолидираните финансиски извештаи, вклучително и поедноставени правила за малите и средни претпријатија. Во областа на банкарството и осигурувањето се применуваат посебни сметководствени правила. Примената на меѓународните сметководствени стандарди (IAS International Accounting Standards) е задолжителна за некои правни субјекти од јавен интерес. Покрај тоа, законодавство наведува специфични правила за одобрување, професионален интегритет и независност на ревизорите кои се законски именувани.

  • Подобри деловни услови. Со усогласување на македонското со европското законодавство во областа на трговското право ќе се создадат деловни услови што ќе им овозможат на домашните бизниси да станат поконкурентни. Во такви услови,. компаниите ќе може да станат релевантни и рамноправни учесници во современиот економски свет. Законодавната усогласеност исто така ја зголемува правната сигурност како неопходен предуслов за успех на деловните активности и за зголемени инвестиции.
  • Поедноставени постапки и процедури. -Усогласеност со законодавството во областа на поглавјето 6 овозможува на компаниите побрзо да влезат и побрзо излезат од пазарот; овозможува креирање на законодавна рамка од областа на сметководството и ревизијата со која се воспоставува систем на јавна контрола на ревизијата и овозможува формирање на јавно достапен регистар на годишни финансиски извештаи.
  • Нови форми на трговски друштва – На денот на пристапувањето на Македонија во Европската унија, ќе бидат воведени две нови форми на компании – Европско акционерско друштво (Societas Europea или „SE“) и Европско економско интересно здружение (European Economic Interest Grouping или „EEIG“) кои веќе функционираат во Унијата. Воведувањето на овие нови форми на трговски друштва ќе им овозможи на сите економски оператори да ги реализираат придобивките што овие две наднационални форми ги обезбедуваат при прекугранична економска активност. Имено, предност на организирање на трговско друштво во форма на европско акционерско друштво е едноставното прекугранично спојување на друштвата, како и трансфер на седиштето на друштвото од една членка во друга без да се ликвидира истото во една и да се пререгистрира во друга членка.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 6:

ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА е:

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за правда
Централен регистар на Република Северна Македонија
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Народна банка на Република Северна Македонија
Министерство за финансии
Министерство за економија
Централен регистар на Република Северна Македонија
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Комисија за заштита на конкуренцијата.

СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА  за кое подрачје институција носител е

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за економија
Централен регистар на Република Северна Македонија
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Институт за овластени ревизори на Република Северна Македонија
Совет за унапредување и надзор на ревизија.

Други релевантни институции и актери

Институт на сметководители и овластени сметководители
Институт на овластени Ревизори на Македонија
Стопанска комора на Република Македонија
Сојуз на стопански комори
Стопанска комора на северозападна Македонија
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии
Комора на мал бизнис
Здружение на внатрешни ревизори
Сојуз на Синдикати  на Македонија ССМ
Економско социјален совет.