Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Животна средина и климатски промени27

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 27 е одржан на 19.05.2019

Основни цели на заштитата на животната средина во ЕУ се: заштита и зачувување на здравјето и благосостојбата на луѓетозаштита на квалитетот на еко системот; зачувување на биолошката рамнотежа и еколошката стабилност на природата; заштита на природата (растителните и животинските видови кои живеат во неа) за сегашните и идните генерации и рационално и соодветно користење на природните ресурси.

Политиката за животна средина почива на неколку клучни принципи:

  • начелото на превентивно делување (пред да настане штетата односно загадувањето)
  • начелото „загадувачот плаќа“ (секогаш кога е тоа можно, трошоците за заштита на животната средина треба да ги сноси приватното или физичкото лице кое ја загрозува животната средина, а не општеството (во целина) )
  • борба против нарушување на животната средина на самиот извор на загадувањето (каде што е поедноставно и поекономично да се отстранат последиците од загадувањето)
  • заедничка одговорност на ЕУ и државите-членки (затоа што надлежноста во оваа област е поделена меѓу ЕУ и државите-членки) и
  • вклучување/интегрирање на заштитата на животната средина во другите политики (земјоделство, транспорт, енергетика, индустриска политика итн.)

Значаен дел од оваа политика на ЕУ е и борбата против климатските промени на глобално ниво.

Основната рамка на политиката на животна средина на ЕУ се состои од: 1) Акциони Планови за животна Средина; 2) Хоризонтални стратегии; 3) Меѓународна соработка за животна средина; 4) Проценка на влијанието врз животната средина и јавно учество;  и 5) Спроведување, извршување и следење.

Развојот на оваа политика нема само елемент на заштита на животната средина туку го покрива и односот односно балансот кој е потребно да се воспостави помеѓу развојот, креирањето и заокружувањето на заедничкиот единствен пазар на ЕУ и ефектите кои засилениот индустриски развојслободната конкуренција и желбата за напредок би можеле да ги имаат врз животната средина. Од овие причини планирањето и спроведувањето на активностите во областа на животната средина задолжително треба да ги има в предвид трошоците и ефектите од нивното преземање односно непреземање како и економскиот и општествениот развој на ЕУ во целина.

Од друга страна, државите-членки не се попречуваат во воведувањето и спроведувањето на мерки кои се далеку построги од оние пропишани на ниво на Унијата, се додека се компатибилни со општите европски цели. Ваквиот пристап во спроведувањето на оваа политика заедно со нејзиниот обем и особено трошоците на усогласувањето претставуваат посебен предизвик за држава која се подготвува/преговара за членство.

Со политиките и законодавството на животната средина на ЕУ, Унијата и нејзините членки заеднички спроведуваат мерки и активности со кои:

  • ги штитат природните живеалишта и животински и растителни видови кои живеат во нив;
  • ги одржуваат чистиот воздух и вода;
  • придонесуваат кон подобро управување со отпадот и негово правилно отстранување;
  • придонесуваат кон поефикасна контрола на индустриското загадување;
  • придонесуваат кон контрола и подобрување на знаењето за токсичните хемикалии и
  • придонесуваат кон контрола на генетски модифицираните организми.

На тој начин ЕУ и државите-членки придонесуваат деловните активности во Европа да се придвижат кон поголема еколошка и економска одржливост односно кон целта  постигнување на одржлив развој.

Прописите на ЕУ во врската со животната средина се исклучително обемни и претставуваат најмалку една третина од сите прописи на ЕУ. Овие прописи вклучуваат:

  1. Хоризонтално законодавство
  • Oценка на влијанието на околината (EIA)
  • Стратешка проценка на влијанието на регулативата (SRIA)
  • Право на слободен пристап до информации за животната средина и учество на јавноста во јавните политики за животната средина
  • Одговорност за спречување и отстранување на штети врз животната средина
  1. Секторско законодавство (по области)
    • Квалитет на воздухот
    • Управување со отпад
    • Квалитет на водата
    • Заштита на природата
    • Контрола на индустриското загадување и управување со ризикот
    • Хемикалии
    • ГМО (генетски модификувани организми)
    • Заштита од бучава
    • Климатски промени
    • Шумарство и Цивилна заштита

Прилагодувањето на европските стандарди во заштитата на животната средина покрај пренесувањето на овие прописи во националниот правен систем подразбира пред се, соодветна примена и спроведување на истите. Потребни се значителни инвестиции во инфраструктурата и одржување на постројките како и сериозни вложувања во административни и институционални капацитети. Токму овие инвестиции заедно со инвестициите во земјоделството се највисоки во споредба со сите други поглавја. Притоа искуството покажува дека најголеми се трошоците во секторот Води, потоа во Управувањето со отпадот и секторот на Индустриско загадување.

За време на претпристапниот период, Европската комисија им помага на државите кандидати во прилагодувањето на нивното законодавство за животна средина и надградба на нивните капацитети за спроведување со цел да ги исполнат барањата на ЕУ и да се усогласат со Aquis. Подготовките за членство се рефлектираат преку три посебни предизвици за секторот на животната средина: 1.) Правни: над 300 правни акти за животна средина на ЕУ треба да бидат пренесени во националното законодавство во релативно краток временски период; 2.) Административни: Административните капацитети треба значително да се зајакнат за да можат да го имплементираат и спроведат законодавството на животната средина; 3.) Финансиски: Потреба од значителни финансиски ресурси и инвестиции во инфраструктурата и технологијата.

  • Државата преку усогласувањето и спроведувањето на прописите од областа на животната средина ќе може да изгради и ужива некои од највисоките еколошки стандарди во светот.
  • Македонија има можност да воспостави одржлив систем на заштита на животната средина. Тоа значи и поголема заштита на граѓаните од притисоци поврзани со животната средина и ризици по здравјето и благосостојбата.
  • Заштитата, зачувување и зајакнување на природните ресурси, зачувување на биодиверзитетот, чист воздух, вода (за пиење, капење) и почва како и интегриран систем на управување со отпадот се само некои од придобивките кои може да се реализираат.
  • Македонија ќе има можности за вложување во чисти извори на енергија, за остварување на ефикасна контрола и спречување на загадувањето, за минимизација на отпадот и на сите видови еколошки ризици, интеграција на еколошки одржливи практики во клучните економски сектори со цел промена на неодржливиот образец на производство и потрошувачка со посебен акцент на борбата против климатските промени.
  • Преку сите вложувања во заштитата на животната средина за прилагодување на европските стандарди Македонија ќе ја подобри и својата положба како туристичка дестинација што ќе придонесе за развој на туризмот.
  • Високите еколошки стандарди претставуваат поттик за еко-иновации кои пак од својата страна отвораат нови работни места. Компаниите кои ќе ги исполнат овие стандарди значително ќе ја зголемат својата конкурентност на европскиот, но и на други пазари.
  • Долгорочно, Македонија како дел од ЕУ би имала можност да се претвори во една ресурсно-ефикасна, зелена и конкурентна економија со ниски емисии на јаглерод диоксид.
  • Голем дел од инвестициите за остварување на европските стандарди и норми во оваа област Македонија ќе ги финансира од европските фондови и други поволни извори на финансирање. Сите овие извори на средства како и бројни истражувачки програми ќе и стојат на располагање на Македонија како членка на ЕУ за водење на својата политика на животна средина која ќе придонесува кон сеопштите и заеднички цели на ЕУ за одржлив развој.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 27:

ЖИВОТНА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за транспорт и врски
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дирекција за радијациона сигурност.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ХОРИЗОНТАЛНО ЗАКОНОДАВСТВО за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за транспорт и врски
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство- Управа за хидрометеоролошки работи
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
Министерство за правда
Министерството за економија
Министерство за здравство
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Дирекција за заштита и спасување
Центар за управување со кризи .

KВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство- Управа за хидрометеоролошки работи
Министерството за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за внатрешни работи
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина
Министерство за транспорт и врски
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Агенција за цивилно воздухопловство

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД  за кое подрачје институција носител е:

Министерство за Животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерството за економија
Министерство за транспорт и врски
Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за внатрешни работи
Министерство за локална самоуправа
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство.

КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА  за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство- Управа за хидрометеоролошки работи
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за водостопанство
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Министерство за транспорт и врски
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа
Министерството за економија
Министерство за внатрешни работи
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство
Центар за управување со кризи .

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Агенција за храна и ветеринарство.

КОНТРОЛА НА ИНДУСТРИСКО ЗАГАДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ  за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерството за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Дирекција за заштита и спасување
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Институт за акредитација на Република Северна Македонија
Центар за управување со кризи .

ХЕМИКАЛИИ за кое подрачје институција носител е

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа
Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Министерство за здравство
Министерството за економија
Агенција за храна и ветеринарство
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Дирекција за заштита и спасување
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Центар за управување со кризи .

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ ОРГАНИЗМИ  за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за семе и саден материјал
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство.

БУЧАВА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерството за економија
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Министерство за транспорт и врски
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција
Акционерско друштво во државна сопственост М-НАВ
Агенција за цивилно воздухопловство.

ШУМАРСТВО за кое подрачје институција носител е:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за шумарство и ловство
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.

Други релевантни институции и актери

Биро за лекови: Хемикалии
Републички завод за здравствена заштита
Институт по медицина на труд
ЗЕЛС Заедница на единици на локална самоуправа
Црвен Крст на Република Македонија
Стопанска комора на Република Македонија
Сојуз на стопански комори
Агенција за енергетика на Македонија
ЈП Македонски шуми
Државна мрежа за мониторинг на водите
Државна мрежа за мониторинг на бучава

Регионален центар за животна средина Македонија
Македонски почвен информативен систем
Македонски Токсиколошки информативен центар
Заштита на здравјето од климатски промени
Портал за квалитет на воздухот во Македонија (Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух)
Портал за климатските промени
НАТУРА 2000 на македонски
Информативен македонски сајт за климатски промени
Програма Лајф
ЕЕА Европска агенција за животна средина
Регионална мрежа на организации од областа на животната средина
Преглед на законодавството за животна средина на ЕУ на мрежата енв.нет
ЕЕБ Најголема европска мрежа на граѓански организации од областа на животната средина
Информативни страници на Директоратот за енергија, климатски промени и животна средина
Агенда 2030 за одржлив развој  на ООН
 SDG : Целите на одржлив развој на ООН
Генерален директорат на ЕУ за животна средина
Мрежа на ЕУ за имплементацијата и спроведување на правото на животна средина
Иницијатива: Европскиот зелен главен град
Награда:  Европски зелен лист
ЕУ Програма: Европски механизам за цивилна заштита
Македонски почвен информативен центар
Национален комитет за климатски промени
Канцеларија за заштита на озонската обвивка 
Канцеларија за неразградливи органски загадувачи
Европска коалиција на невладини организации за клима и енергија
GEF: Глобален фонд за животна средина
UNIDO: Организација на ООН за индустриски развој
UNEP: Програма за животна средина на обединети нациии
UNECE: Економска комисија на Европа на ООН
ECRAN: Регионална мрежа за пристапување во областа на животната средина и климатски промени
Индикатори за животна средина (2018) за Македонија
Конвенцијата за климатски промени во Париз
Извештај за состојба на животна средина (2018) за Македонија
Национален придонес кон климатските промени /Договор од Париз
Преглед на релевантни стратегии за животната средина и климатски промени
Долгорочна стратегија и план за климатска акција во подготовка
THEMIS: Мрежа за соработка на националните тела одговорни за управување и заштита на природните ресурси
CNVP: Организација за управување со природните ресурси (шуми)
WWF: Глобална организација за заштита на природата и дивиот свет
IUCN: Интернационална унија за заштита на природата
Copernicus: ЕУ Програма за сателитско набљудување на Земјата
Информативен систем за води на ЕУ

Стратегија Здравје 2020 Е-Портал
Брошура на Европскиот парламент за Програмата Лајф
Прирачник за имплементација на европското законодавство во животната средина Регионален центар за животна средина
TheLasyperson’sguidetosavingtheworld: Водич на ООН за индивидуална акција за поддршка на целите на одржливиот развој
Преглед на клучното националното законодавство во областа на животната средина во надлежност на МЖСПП
Преглед на ратификувани конвенции од областа на животната средина
База на податоци со најсеопфатни информации за законодавството од областа на животната средина на FAO, IUCN и UNEP
Црвена листа на загрозени видови брошура на мк
Да го разбереме загадувањето на воздухот брошура на мк
Добри практики за греење на дрва во домаќинствата брошура на мк
ЕЕА: Европска агенција за животна средина брошура на мк
Документи во рамките на ИПА проект за развој на национална студија за води на Македонија
План за чист воздух: стратешка програма на Владата на РСМ
Нацрт верзии на закони од областа на управувањето со отпадот во рамките на системот за проширена одговорност на производителот
Стратегија за животна средина и климатски промени (2015)2014-2020
Трет национален план за климатски промени и поврзани документи
Прв двогодишен извештај за климатски промени 2015
Трет извештај за напредокот во управувањето со животната средина на Македонија од UNECE
Извештај за состојба на животна средина (2018) за Македонија
Национален акциски план за борба против опустинување на Република Македонија (2018)
Програма за инвестиции во животна средина за 2019 год.
Програма за намалување на аерозагадувањето за 2019 год.
Стратегија за климатски промени на град Скопје : Отпорно Скопје
Планови во надлежност на МЖСПП