Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Заштита на потрошувачите и јавно здравје28

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 28 е одржан на 28-29.03.2019

Политика на заштита на потрошувачите претставува една од основните ЕУ политики. Таа е нужно поврзана со политиката на внатрешниот пазар и се развивала како придружна појава при формирањето на внатрешниот пазар. Ако внатрешниот пазар функционира добро, тој ќе ја стимулира довербата на потрошувачите во прекуграничните трансакции и ќе има позитивен ефект на конкуренцијата и цените во корист на сите граѓани. Од друга страна, единствениот пазар и заедничката валута ги отвораат границите, а со растот на употребата на интернетот, електронската трговија и ширењето на секторот на услугите, високото ниво на заштита на потрошувачите станува уште позначајно.

Постојаното унапредување на статусот на потрошувачот, просперитетот и растот на животниот стандард се едни од основните цели на ЕУ вградени уште во Основачките договори. Договорите го дефинираат минималното ниво на заштита на потрошувачите во ЕУ преку утврдување на правата на потрошувачот како што се:

  • Заштита на здравјето и сигурноста на потрошувачот
  • Заштита на економскиот интерес на потрошувачот
  • Правото на потрошувачот да биде информирам и едуциран
  • Правото на надомест на штета и правото за здружување, застапување и учество на потрошувачите заради остварување на нивните права

При тоа, државите членки на ЕУ може да ги задржат минималните стандарди пропишани од ЕУ или да воведат построги правила за заштита на потрошувачите под услов тоа да не го оневозможува слободното движење на стоки и услуги на внатрешниот пазар.

Политиката на заштита на потрошувачите меѓу другото регулирани прашања како што: продажба на производи за широка потрошувачка и поврзани гаранции, неповолни договорни услови, продажба од врата на врата, продажба на далечина, означување на цените, маркетинг на финансиски услуги на далечина, потрошувачки кредити, лажно и паралелно огласување, нечесно тргување, закуп според системот тајмшер (timeshare), пакет на патување и права на патниците кои летаат итн.

Државите имаат примарна одговорност и обврска да организираат и испорачаат здравствени услуги и медицинска заштита на своите граѓани. Европската здравствена политика служи само како надополнување на националните политики и за да обезбеди дека здравствената заштита е вградена во сите други ЕУ политики.

Европските политики и акции во областа на јавно здравје имаат за цел:

  • Да го заштитат и подобрат здравјето на граѓаните на ЕУ
  • Да ја поддржат модернизацијата на здравствената инфраструктура
  • Да ја подобрат ефикасноста на здравствените системи во Европа

Правното наследство на ЕУ во Поглавјето 28 опфаќа голем спектар на прашања групирани во  две клучни  области на заштита на потрошувачите и јавното здравје.

  1. Законодавството на ЕУ во врска со заштитата на потрошувачите ја регулира безбедноста на потрошувачките добра и заштитата на економските интереси на потрошувачот во бројни поединечни сектори (безбедност на храна, енергија, финансиски услуги, транспорт итн.). Целта на хармонизацијата на овие правила е да се отстранат препреките на пазарот и да се обезбеди интегриран економски простор така што производите и услугите да можат да циркулираат во ЕУ со истите стандарди на безбедност и квалитет и потрошувачите да уживаат високо ниво на заштита на своите права.

Областа на заштита на правата на потрошувачот е регулирана со сет од неколку клучни директиви кои што е неопходно да се пренесат во домашното законодавство, како што се следните:

  • Директива за договори склучени надвор од деловни простории
  • Директива за нефер/неправични договорни одредби
  • Директива за продажба на далечина
  • Директива за тајмшеринг (временски поделено користење на производ/услуга) и Директива за пакет аранжман за патување
  • Директива за нечесни трговски практики
  • Директива за означување на цени
  • Директива за судски забрани

Покрај овие теми, многу значајна област покриена со законодавството на ЕУ е поврзана со општата безбедност на потрошувачките добра. Овие прописи се однесуваат на заштита од опасни имитации на производите, одговорност за производите со недостатоци и ЕУ системот за брзо алармирање РАПЕКС (RAPEX).

Улогата на државата е да обезбеди ефикасен пазарен надзор и да гарантира дека сите производи им се достапни на потрошувачите и дека се безбедни. Затоа, административните капацитети на Македонија треба да бидат во состојба да ги следат правилата, да овозможат пристап до правда, и да следат и разменуваат податоци за опасни производи со телата на ЕУ. Меѓу другото, многу е значајно да се развијат механизмите на  вонсудско разрешување на спорови.

 

  1. Прописите пак кои го чинат законодавството во областа на заштита на јавното здравје се однесуваат на : аспекти како што се:
  • Борба против заразни болести
  • Контрола на тутунот/пушењето
  • Спречување на болести на зависност (Злоупотреба на дроги)
  • Контрола на квалитетот на крвта, ткива, ќелии и органи
  • Ментално здравје
  • Социо-економски детерминанти на здравјето и Здравствена нерамноправност
  • Спречување на болести поврзани со загадувањето на животната средина
  • Способност за брзо и усогласено делување во случаи на опасност по јавното здравје
  • Рано откривање на рак
  • Европска Акција во врска со ретки болести
  • Права на пациентите во прекуграничната здравствена заштита
  • Лекови за човечка и ветеринарна употреба

Успешната примена на правилата на ЕУ за заштита на потрошувачите и јавното здравје, покрај ефикасна држава подразбира и соодветно вклучување на граѓанските организации, кои можат да се грижат за заштитата на правата на потрошувачите и здравјето на граѓаните и да играат значајна улога во нивното информирање и едукација.

Прилагодувањето на европските стандарди во заштитата на потрошувачите и јавното здравје покрај пренесувањето на овие прописи во националниот правен систем подразбира пред се, соодветна примена и спроведување на истите.  Предуслов за имплементација се силни, независни и стручни институции кои се вклучени во целиот овој систем.

  • Регулацијата и надзорот во областа на заштитата на потрошувачот овозможуваат поголем степен на сигурност на производите, а со тоа и подобра заштита на здравјето на потрошувачите како и општо зголемување на квалитетот на животот на граѓаните на Македонија. Со тоа се намалуваат издатоците во здравството односното трошоците за лекување на повреди и болести предизвикани со користење на несигурни и небезбедни производи.
  • Македонските потрошувачи ќе ги уживаат истите права како и европските потрошувачи и тоа не само од аспект на безбедноста на производите и заштитата на нивното здравје, туку и од аспект на заштита на сите нивни права при купувањето на производи и услуги на пазарот. Потрошувачот станува регулатор на развојот на економијата на тој начин што делува на деловната политика на претпријатијата, ја поттикнува конкурентноста и создава поттикнувачко опкружување на пазарот.
  • Развојот на системот на вонсудско решавање на спорови на подрачјето на заштитата на потрошувачите го намалува товарот на судовите, ги намалува нивните трошоци и овозможува поголема ефикасност и ефективност на судовите.
  • Работата на здруженијата за заштита на потрошувачите придонесува за јакнење на влијанието на потрошувачот преку едукација и информирање и подигнување на јавната свест за правата на потрошувачот. Но и спротивно, прилагодувањето кон ЕУ стандардите позитивно влијае на развојот на граѓанското општество.
  • Со вклучувањето во системот за брзо предупредување РАПЕКС за размена на информации и предупредувања за опасни непрехранбени производи се подигнува општото ниво на сигурност/безбедност на производите, меѓу другото и со спречувањето на продажбата на производи кои претставуваат ризик за здравјето и безбедноста на потрошувачите.
  • Со примената на високите стандарди на ЕУ ќе се зголеми квалитетот на трансплантациите во согласност со најсовремените технолошки и медицински достигнувања во оваа област.
  • Примената на европските стандарди гарантира висок квалитет на лекување со постапки на трансфузија и безбедност на крвта и крвните компоненти како и на биолошкиот материјал кој се употребува во постапките на лекување.
  • Со ограничување односно забрана на пушењето на јавните места се постигнува поголема заштита на непушачите од пасивното пушење и заштитата на секојдневното животно опкружување од чадот на цигарите како еден од главните ризик-фактори за развој на хронични не заразни болести (хронични респираторни болести-астма, малигни болести – рак, болести на срцето и крвните садови/инфаркт итн.).
  • Со воведување на програми за скенирање за рано откривање на рак на дојка, на дебелото црево и на грлото на матката и со итна интервенција со соодветни постапки на лекување се спречува прераната смрт од рак и се спасуваат животи.
  • Вмрежувањето на македонските институции за заразни болести во Европскиот систем обезбедува побрзо и поефикасно усогласено делување во случај на појава на заразни болести.
  • Македонија преку Програмата на ЕУ : ЗДРАВЈЕ може да соработува на заеднички програми и да разменува искуства со други европски држави и на тој начин да придонесе за подобар квалитет во пружањето на здравствените услуги како и за информирање на пациентите за заштита на здравјето и унапредување на квалитетот на животот.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 28:

ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ И ЈАВНО ЗДРАВЈЕ  е :

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на :

Министерство за здравство
Дирекција за радијациона сигурност.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ за кое подрачје институција носител е:

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии
Министерство за образование и наука
Министерство за здравство
Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Агенција за храна и ветеринарство.

ЈАВНО ЗДРАВЈЕза кое подрачје институција носител е:

Министерство за здравство

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за здравство.
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
Агенција за храна и ветеринарство.

Други релевантни институции и актери

Организација на потрошувачи на Македонија
АЕК Агенција за електронски комуникации
Агенција за лекови и медицински средства
Републички завод за трансфузиологија
Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен инспекторат за животна средина.
Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд
Стопанска комора на Република Македонија
Сојуз на стопански комори
Стопанска комора на северозападна Македонија
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии
Комора на мал бизнис.
Министерство за финансии – Царинска управа
Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието
Лекарска комора на Македонија
Здружение на приватни лекари на Македонија
Медицински факултет Скопје, УКИМ
Организација на работодавачи ОРМ
Институт за медицина на труд
Институт за трансфузиона медицина.
Министерствo за труд и социјална политика.

Програма за заштита на потрошувачите за 2019-2020 година
Информација за предлог Закон и Стратегија за заштита на потрошувачите 2019-2023
Портал на АЕК за информирање и комуникација со потрошувачите
Програма на ЕУ : ПОТРОШУВАЧИ
Програма на ЕУ : ЗДРАВЈЕ
Извршна агенција на ЕУ за потрошувачи, здравје, земјоделие и храна.
CHAFEA: Извршна агенција на ЕУ за потрошувачи, здравје, земјоделие и храна
EFSA: Агенција на ЕУ за безбедност на храната
Национален систем МК RASFF систем
Портал на ЕУ: RASFF- theRapidAlertSystemforFoodandFeed
Портал на ЕУ: RASFF- theRapidAlertSystemforFoodandFeed за потрошувачите
Меѓународна организација  на потрошувачи
Портал на ЕУ за информирање и едукација на потрошувачите
Европска организација на потрошувачи  BEUC
Европска организација на потрошувачи за застапување на нивните интереси во стандардизацијата ANEC
ЕУ Еко етикета лого за потрошувачите за производи кои се квалитетни и ја чуваат животната средина 
Мрежа на европски потрошувачки центри
Вонсудско разрешување на спорови: Алтернативни форми разрешување
ODR platform: ЕУ онлајн платформа за Вонсудско разрешување на спорови
Портал на ЕУ за јавно здравје
RAPEX Систем за брзо известување за опасни (непрехранбени) производи

Европски центар за превенција и контрола на болести
Опасни производи откриени на пазарот во Македонија
Опасни производи откриени на пазарот во Македонија Преглед 2013
Европски директорат за квалитет на лекови и здравствена грижа
Портал на ЕУ : Знај ги своите ЕУ права

Бесплатен тел. Број 0800 3 22 22 и мејл info@fva.gov.mk на АХВ за поднесување на претставки на граѓаните за безбедност на храна