Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Финансиски и буџетски одредби33

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 33 е одржан на 27.09.2019

Како и на ниво на поединечни држави, така и на ниво на ЕУ постои единствен буџет наменет за финансирање на европските политики преку кои се остваруваат заеднички утврдените цели. Буџетот во најзначаен дел го полнат државите-членки на ЕУ, а собраните приходи ги чинат таканаречените „сопствени средства“ на ЕУ. Буџет на ЕУ (приходната страна и распределбата на финансискиот товар на државите-членки) се планира годишно во рамки на т.н. Повеќегодишна финансиската рамка (за период од најмалку 5, а вообичаено за 7 години).

Повеќегодишната финансиска рамка (MFF) ги прикажува буџетските приоритети во текот на односниот среднорочен период и се фокусира на расходната страна на буџетот односно на програмите кои се финансираат од заедничкиот буџет на ЕУ. Притоа со финансиската рамка се утврдуваат горните граници на вкупните расходи и на расходите по широко утврдени области (т.н. Headings). На тој начин се одржува финансиската дисциплина во ЕУ и се овозможува предвидливост и сигурност на планираните инвестиции по области.

Сопствените средства главно се состојат од:

1. традиционални сопствени средства кои се состојат од приливи по основ на царински давачки (пр. царини на земјоделски производи и такси за шеќер);

2. придонеси врз основа на бруто националниот приход[1] на секоја држава членка; и 3.) средства врз основа на данокот на додадена вредност.

Со речиси ¾ од вкупните приходи на ЕУ, средствата кои државите-членки ги уплаќаат во заедничкиот буџет по основ на бруто националниот приход претставуваат најзначаен извор на сопствени приходи. Тие во голема мера се директно поврзани со економска моќ на одделните држави-членки.

Годишниот буџет на ЕУ се движи околу 148 млрд. Евра (2019 год.), што претставува само 2% од комбинираните буџети на сите држави-членки или помалку од 1% од Бруто националниот приход на ЕУ односно околу 240 евра по глава жител (2018 год.)

[1] Бруто националниот приход претставува приход на сите домаќинства во Европа во одреден временски период (најчесто една година). Вообичаено се користи како индикатор за економската состојба на државата како и да се измери животниот стандард на државата (Bankwatch). За прецизна дефиниција на БНП и БНП на ЕУ ДЧ види : https://ec.europa.eu/eurostat/web/products-datasets/-/teina080

Поглавјето 33 ги опфаќа правилата за финансирање на буџетот на ЕУ. Европското законодавство во оваа област е директно применливо/обврзувачко што значи дека нема потреба за негово пренесување во националното законодавство.  Но, потребно е државата да ги преземе сите неопходни чекори за да обезбеди целосна и правилна примена на правилата за сопствените средства од моментот на пристапување во членство. Конкретно државите членки мора да имаат соодветен административен капацитет за адекватно координирање и обезбедување на правилна пресметка, прибирање, плаќање и контрола на сопствените средства. Со други зборови, спроведувањето на законодавството на ЕУ во оваа област подразбира дека државата со денот на пристапувањето кон ЕУ ќе биде во состојба правилно да го одредува и става на располагање финансискиот придонес кон буџетот на ЕУ.

  • Од првиот ден на членство државата ќе има обврска да уплаќа средства во заедничкиот буџет на ЕУ, но исто така ќе биде во можност да користи одреден износ на средства од различните фондови на ЕУ.
  • Средствата кои ќе и бидат ставени на располагање на Македонија од Структурните, Кохезиониот и другите Фондови на ЕУ ќе бидат неколкукратно поголеми во однос на претпристапната помош (Инструментот ИПА). Во Хрватска овој сооднос изнесуваше 5 до 6 пати повеќе средства.
  • Доколку Македонија умее успешно да ги искористи средствата кои ќе и бидат ставени на располагање може да се очекува дека таа ќе биде нето примателка односно дека повеќе ќе прима средства од буџетот, отколку што ќе уплаќа во него. Проценките во случајот на Хрватска укажуваат дека за секое едно евро уплатено во буџетот, Хрватска можела да повлече 3 евра назад од истиот.
  • Во периодот на пристапувањето на Македонија ќе и стои на располагање и привремена финансиска помош на Унијата т.н. Финансиски пакет за пристапување. Покрај средства од фондовите на ЕУ, во овој Пакет влегуваат и дополнителни инструменти, како на пр. за подобрување на националната нето буџетска позиција во пристапниот период, за јакнење на административните, судски и институционалните капацитети за спроведување на законодавството, за спроведување на Шенгенското законодавство (заштита на надворешните граници на ЕУ) итн.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 32:

ФИНАНСИСКИ И БУЏЕТСКИ ОДРЕДБИ е:

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии
Министерство за култура
Министерство за финансии – Царинска управа
Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ТРАДИЦИОНАЛНИ СОПСТВЕНИ РЕСУРСИ за кое подрачје институција носител е:

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии – Царинска управа
Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
Државен завод за статистика
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Други релевантни институции и актери

Народна банка на Република Северна Македонија
ЦФЦД Сектор за Централно финансирање и склучување на договори
Државен завод за ревизија
Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
Министерство за внатрешни работи
Државен завод за ревизија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Јавна внатрешна финансиска контрола: политика и акциски план 2019-2021
Внатрешна ревизија
Финансиско управување и контрола
Состојба на системот на внатрешна ревизија
Централна единица за хармонизација на системот на ЈВФК
Портал Граѓански буџет
АФКОС Одделение за борба против измами МФ
INTOSAI: Меѓународна организација на државни ревизори
EUROSAI: Европска организација на државни ревизори
Институт на внатрешни ревизори
ОЛАФ: Европска служба за борба против измами
AFCOS/ АФКОС: Единицата за координација на борбата против измами
Херкулес Програма на ЕУ за борба против измами
Перикле Програма на ЕУ за заштита на еврото од фалсификување
Европски суд на ревизори
Информативни страници за трошењето на буџетот на ЕУ
Портал за трошењето на ЕУ буџетот Систем на финансиска транспарентност
Дата база на расходи и приходи на ЕУ 2014-2020
EUROSTAT: Европска служба за статистика
Владини трошења во ЕУ 28 според функции (2017)

Програма за реформа на управувањето со јавни финансии 2018-2021
Стратегија за реформа на јавната администрација 2018/2022 и акциски план
Закон за државна ревизија и измени
Меѓународни стандарди за професионално извршување на ревизија
Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РМ : работна верзија 2019-2022 
Заштита на финансиските интереси на ЕУ : закони и прописи
Закон за ревизија на ИПА / пречистен текст/неофицијална верзија МФ
Закон за јавна внатрешна финансиска контрола
Буџет на РМ  за 2019 година Закон за буџет и финансирање на ЕЛС
Закони и прописи за јавниот долг
Прописи од областа на даноците, таксите и другите јавни приходи
Документи од проектот: Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии
Водич за подобро информирање на физичките лица за ДДВ