Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Верхели: Новата методологија го врати проширувањето на вистинскиот пат

По успешната прва фаза на пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија, Европската комисија (ЕК) работи на пакетот за проширување за Западен Балкан, кој се очекува во јуни, како и на економски план за регионот, изјави европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Верхели, во интервјуто за порталот Европски Западен Балкан (ЕВБ).

Според него, ревидирање на методологијата за процесот на проширување и одлуката за отворање на преговорите за пристап со Албанија и Северна Македонија, ја врати европската политика за проширување на вистинската патека.

Верхели нагласува дека подготовката на рамковните преговори веќе е започната. Сепак, рано е за определување датум за првите меѓувладини конференции. Како следен чекор, Комисијата ќе ги изложи рамките за преговори, врз основа на ревидираната методологија. Од Северна Македонија и Албанија, како и од сите други партнери од Западен Балкан, се  очекува да продолжат со реформите.

Целосното интервју може да го прочитате овде.

Преземено од https://europeanwesternbalkans.com/

17/04/2020