Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Јавен повик за учество на граѓанскиот сектор во работните групи за програмите за прекугранична соработка на ИПА 3

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за локална самоуправа, објавува Јавен повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027).

Заедничките работни групи се тела составени од претставници на национални институции, министерства, регионални центри за развој, бизнис и граѓански сектор, со одговорност за носење на одлуки во процесот на програмирање на ИПА 3 програмите за прекугранична соработка 2021-2027:

– Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

– Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Косово 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

– Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Србија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

– ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Бугарија 2021-2027; и

– ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Грција 2021-2027.

Заедничките работни групи имаат обврска да обезбедат ефективност и квалитативно стратешко планирање и програмирање за имплементација на програмата за прекугранична соработка во иднина за периодот 2021-2027, преку:

– Идентификување на потребите на подобната област на програмата;

– Поврзување на локалните потреби со потребите идентификувани на регионално и национално ниво;

– Подготвување на стратегијата на програмата, со посебен акцент на сите елементи на логичката рамка за интервенција;

– Одлучување за распределба на идните средства по тематски приоритети;

– Доколку е можно, идентификување и опишување на стратешки проект во рамки на програмската стратегија;

– Други задачи делегирани од претставниците на државите учеснички во програмата.

Учеството во Заедничките работни групи е за период од една година. Трошоците поврзани со патувањата и дневниците на членовите на работната група, доколку се учествува на заеднички состаноци со соседните држави, ќе бидат финансирани од фондовите на ЕУ за техничка помош, управувани од Министерството за локална самоуправа.

Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) потребно е да имаат професионални компетенции и граѓанска активност во областа на: заштита на животната средина, климатските промени, спречување и управување со ризик, туризам, култура и природно наследство, зајакнување на конкурентноста, развојот на бизнисот и малите и средни претпријатија, трговијата и инвестициите.

Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) потребно е да бидат поддржани од организации кои:

  1. се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик;
  2. во статутот имаат утврдено дејности и цели во областа на дејствување за која предлагаат кандидат;
  3. работењето и дејствувањето е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на заедницата;

Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. да поседуваат најмалку три години работно или волонтерско искуство во граѓанскиот сектор во областа за која се предлагаат како кандидати;
  2. да имаат експертиза по прашања од граѓанскиот сектор во областа за која се предлагаат како кандидати (број на спроведени проекти, објавени публикации, учество во работни групи, иницирање и учество во процеси за застапување и сл.);
  3. активно да го познаваат англискиот јазик;
  4. да не се членови на органи на политички партии;
  5. да не се избрани или именувани лица;
  6. да не се вработени во орган на државната управа.

Пријавувањето се врши на образец што може да се преземе од веб-страницата https://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=mk/node/434.

Кон пријавата (потполнет образец, потпишан од застапникот на организацијата и заверен со печат на организацијата) треба да се приложи:

  1. кратка биографија на кандидатот и
  2. профил на организацијата која предлага кандидат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 28 јули 2020 година до 12:00 часот.

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава.

Пријавите со непотполна документација или поднесени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за учество во работна група“.

21/07/2020