Четири интергрупи во Европскиот pарламент, на 4 септември, испратија повик и барање до Владата на Република Северна Македонија до го усвои законот за спречување и заштита од дискриминација.
Станува збор за интергрупата за ЛГБТИ права, интергрупата за анти-расизам и диверзитет, интергрупата за попреченост и интергрупата за правата на детето.
Европратениците го поздравуваат вклучувањето на овој закон во владината програма, ја поттикнуваат Владата да ја реализира својата заложба за негово што побрзо усвојување и бараат таа да гарантира дека комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе се формира во законската временска рамка односно веднаш по повторното усвојување на законот.
„Овој закон, кој беше одобрен од национални експерти и активисти по долги години неуморна работа, и беше пофален од Венецијанската комисија, Обединетите нации, Европската унија и ОБСЕ-ОДИХР, е пример за заштита од дискриминација за сите граѓани и граѓанки. Уште повеќе, законот обезбедува заштита од дискриминација на многу основи, што пак, ги исполнува обврските неопходни за продолжување на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Овој закон е, исто така, дел од Декларацијата за приоритетно усвојување потпишана од повеќе партии и граѓански организации во Република Северна Македонија“, стои во писмото.
Целосното обраќање на европратениците ќе го најдете на следниот линк.