Центарот за европски стратегии-Евротинк започнува со реализација на проектот „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“
Проектот ќе се реализира со поддршка на Канадската амбасада во Белград, преку Kанадскиот фонд за локални иницијативи-(CFLI).
Целта на проектот е да се справи со дезинформациите во Северна Македонија во врска со прашањата за европската интеграција, особено развојот на настаните поврзани со спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Уште од бугарското вето против отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ од страна на Северна Македонија во 2020 година, ова прашање доминира во јавниот дискурс и го отвори просторот за дезинформации насочени кон ширење евроскептицизам и севкупни антиевропски наративи во земјата. Особено е важно да се обезбедат релевантни информации откако Северна Македонија ги започнa пристапните преговори со ЕУ. За таа цел, Евротинк во следните 6 месеци ќе ја користи платформата www.eu.org.mk како ресурс за веродостојни информации за евроинтегративните процеси и односите со Бугарија.
Со цел да се постигнат проектните цели, ќе се спроведат следните конкретни активности:
- Онлајн ресурс: Ќе се користи порталот www.eu.org.mk На нашата специјализирана платформа за интеграција во ЕУ ќе биде објавена временска рамка за спорот, клучни информации, како и други резултати од проектот. Редовни ажурирањаза активностите на социјалните медиуми Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn;
- Информации/описи за јавни политики: најмалку 8 анализи кои ќе произлезат од следењето на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка;
- Афирмативна акција за подобрување на односите: 2 онлајн дискусии со бугарски истакнати граѓани и активисти на теми за лажни вести и идна соработка помеѓу двете општества/земји;
- Вмрежување со ГО од Бугарија: Почетен настан и завршна конференција со интелектуалци, активисти и претставници на ГО од Бугарија.