Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Резултати од истражување на јавно мислење Еврометар октомври 2023

Подолу можете да го преземете истражувањето на јавното мислење „ЕВРОМЕТАР 2023: Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија за општествено-политичката состојба во државата државата, информирање и
евроинтегративните процеси“. Во него се опфатени ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија, односите со Европската Унија, соседите, за надворешната политика, изборите и за тоа како се информираат граѓаните, т.е. кој медиум го користат како извор на информации, особено за гореспоменатите теми.

Истражувањето е во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учеството на медиумите во преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ. Истражувањето е спроведено од страна на агенцијата БРИМА, преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот од 4 до 21 септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници. Маргината на грешка изнесува +/-3,1% при ниво на сигурност од 95%.

Преземи:

На македонски јазик.

На англиски јазик.

17/10/2023