Дома ▸ Eurothink - Content ▸ Објави ▸ Бесплатни двочасовни вебинари за преговорите со ЕУ
Повик за учество на информативни сесии за граѓанските организации и заинтересирани граѓани за демистификација на претпристапните преговори со ЕУ и новата преговарачка методологија
Ако сакате да дознаете повеќе за процесот на ЕУ преговори и што носи новата преговарачка методологија, пријавете се на повикот.
ШТО НУДИМЕ
- Информативни сесии кои се осмислени да ги информираат граѓанските организации во однос на ЕУ интеграциите.
- Зголемување на способностите на граѓанските организации да ги разберат основите на пристапните преговори и новата преговарачка методологија на ЕУ.
- Охрабрување на учесниците да го зголемат опфатот на ЕУ со практичен пристап за идентификување на релевантни елементи и извори на информации, податоци и видеа.
- Пријавените граѓански активисти и граѓани ќе учат од искусни експерти за ЕУ интеграции.
НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавите се праќаат по електронски пат на info@eurothink.mk со назнака: Повик за учество на информативни сесии за граѓански организации. Во пријавата да се наведе име, презиме, контакт e-mail, организација и сесијата на која би сакале да ја проследите (утринска или попладневна). Рок за пријавување: 18 октомври до 12:00 часот.
Програма
Утринска сесија:
11.00 – 11.15 Вовед и презентација на ресурсната платформа eu.org.mk
11.15 – 12.15 Што треба да знаеме за преговорите за членство во ЕУ?
12.15 – 13.00 Што значат преговорите?
Што носи новата преговарачка методологија?
Тематски пристап по поглавја
- презентација и видео материјали
Се што сте сакале да прашате за ЕУ и преговорите
Попладневна сесија:
17.00 – 17.15 Вовед и презентација на ресурсната платформа eu.org.mk
17.15 – 18.15 Што треба да знаеме за преговорите за членство во ЕУ?
18.15 – 19.00 Што значат преговорите?
Што носи новата преговарачка методологија?
Тематски пристап по поглавја
- презентација и видео материјали
Се што сте сакале да прашате за ЕУ и преговорите
Информативните сесии ќе се одржуваат online на платформата Zoom. Линкот за вклучување ќе ви биде претходно испратен на вашиот контакт е-mail.
|
|
16/10/2020