Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Не се очекуваат поголеми блокирања од страна на Бугарија во оваа фаза

Преговарачка рамка во јуни, а прва меѓувладина конференција наесен. Ова е планот на европската комисија, но експерите предупредуваат на две клучни работи кои би можеле да го одложат целиот процес – заканите на Бугарија и евентуалните избори.
Сепак дел од експерите очекуваат процесот да оди според планираното, бидејки, без оглед на Бугарија, за тоа постои цврста поддршка кај клучните држави во унијата и во Брисел. Изборите не би требало да бидат проблем, туку ситуацијата со короната доколку има втор бран.

“Брисел има утврдено некаков приоритет, особено кога се земјите од Западниот Балкан во план, така што не верувам дека нешто кое што е договорено на стратешко ниво помеѓу Франција, Германија, Холандија, или оние помоќни земји на Унијата, некаква интервенција или замерка на Бугарија би можело да го одложи тој процес во оваа фаза. Нели, понатаму се е можно, гледаме дека имаме отворени прашања со земјата – сосед којашто е членка на Унијата, меѓутоа во оваа фаза, барем до Септември или до крајот на годината, не очекувам некои поголеми блокирања од страна на Бугарија”, изјави Иван Стефановски, Извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за Европски стратегии, за Сител телевизија.

01/06/2020