Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

800 милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ за справување со здравствената криза

Вкупниот пакет финансиска помош изнесува 15,6 милијарди евра, од кои 3,25 милијарди се наменети за Африка, 800 милиони евра се за земјите од Западен Балкан и за Турција. Земјите од јужното соседство на ЕУ ќе добијат 2,1 милијарда евра, а источните соседи 962 милиони евра. Азија и Пацификот ќе добијат 1,22 милијарди евра.

Европската комисија утврди планови за стабилен и насочен одговор на ЕУ за поддршка на напорите на земјите-партнери за справување со пандемијата на коронавирус. Колективното дејствување на ЕУ ќе се фокусира на решавање на непосредната здравствена криза и како резултат на хуманитарни потреби, зајакнување на системите за здравство, вода и санитарни услови на партнерите и нивните капацитети за истражување и подготвеност за справување со пандемијата, како и ублажување на социоекономското влијание. За да ги поддржи овие активности, ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на партнерските земји во висина од над 15,6 милијарди евра од постојните ресурси за надворешно дејствување.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи: „Вирусот не знае за граници. На овој глобален предизвик му е потребна силна меѓународна соработка. Европската унија работи неуморно во борбата против пандемијата. Сите знаеме дека само заедно можеме да го запреме светското ширење на коронавирусот. За таа цел, ЕУ наскоро ќе свика виртуелен настан за ветување за да помогне во мобилизирање на потребното финансирање и поддршка на Светската здравствена организација за помош на најранливите земји. “

Комесарот за соседство и проширување, Оливер Верхели, рече: „Како дел од нашиот глобален одговор на пандемијата на коронавирус, ние пренасочуваме над 3,8 милијарди евра предвидени средства за Западен Балкан и нашите непосредни соседи на Исток и на Југ, до каде реалните потреби се денес: за итно реагирање на здравствената криза, зајакнување на здравствените системи и ублажување на социо-економското влијание на пандемијата. Ние споделуваме континент и можеме да успееме само заедно “.

Одговорот на ЕУ следува по пристапот на „Тим Европа“, насочен кон зачувување животи преку обезбедување на брза и насочена поддршка на нашите партнери да се соочат со оваа пандемија. Ги комбинира ресурсите од ЕУ, нејзините земји-членки и финансиските институции, особено Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршка на државите партнери и за решавање на нивните краткорочни потреби, како и на долгорочните структурни влијанија на општествата и економијата. Првите пакети Тим Европа веќе се спроведуваат во непосредна близина: Западен Балкан, на исток и на југ.

09/04/2020