Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Блокадата е возможна, но сепак не верувам дека ќе се случи

 

Коментар на Иван Стефановски, Извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за Европски стратегии за македонско-бугарските односи во контекст на европските интеграции на Република Северна Македонија за ТВ 24

“Блокадата е возможна, но сепак не верувам дека ќе се случи. Сметам дека би било многу несериозно доколку Брисел дозволи да не започнат преговорите со Македонија, особено со оној кристално чист извештај. Во однос на тоа дали Бугарија може да биде ‘новата’ Грција, мојот одговор е категорично не. Бугарија е првата земја која што ја признава Македонија под своето уставно име, и тоа не е случајно и тоа има своја тежина”, е коментарот на Сефановски за ТВ 24.

 

22/05/2020