Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Дали Северна Македонија ќе започне преговори со Европската Унија годинава?

На 15 октомври 2019 година, во просториите на ЕВРОТИНК се одржа информативен настан со учество на медиумски работници. На настанот тимот на ЕВРОТИНК ги презентираше најновите податоци од истражувањето на јавното мислење ЕВРОМЕТАР.

Според анкетата*, поддршката на македонските граѓани за членство во ЕУ останува висока, додека инаку високите очекувањата за брзо членство во ЕУ се намалени. Речиси половина (47,7%) од граѓаните на Северна Македонија очекуваат позитивен исход од претстојниот Европски совет. Анкетните податоци и натаму го потврдуваат трендот на значителна општествена поларизираност во однос на прашањата поврзани со пристапувањето на државата на ЕУ – етничките Албанци и поддржувачите на СДСМ и ДУИ се поголеми поддржувачи на интеграцијата од етничките Македонци и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

08/11/2019