На денешната седница на Советот за општи работи на ЕУ, министрите за европски прашања на земјите членки изгласаа „да“ за започнување преговори со Северна Македонија и со Албанија. Датумот за преговорите е дефиниран со формулацијата- што побрзо, а ќе се утврди дополнително, по кризата со коронавирусот.
Позитивно е тоа што одлуката се донесе едногласно, од сите 27 земји, без никакви дополнителни услови, а со тоа и дадоа зелено светло на Европската Комисија да ја одреди натамошната агенда.
Република Северна Македонија ја чекаше оваа одлука од 2005 година, кога го доби кандидатскиот статус.