Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Евротинк кафе дебатa: „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Севeрна Македонија и Бугарија”

На 12 мај 2023 година, Евротинк – Центарот за европски стратегии го одржаа почетниот јавен настан Евротинк кафе дебата, насловена: „Улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Севeрна Македонија и Бугарија”. Овој настан е дел од проектот: „ Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија”. Проектот е поддржан од Чешката амбасада во Скопје.

Настанот го отворија:  Н.Е. г. Јарослав Лудва, амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија, и г.Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стартегии.

Говорници беа: Вања Петрова, постар аналитичар при Економската програма од Центарот за проучување на демократијата од Бугарија,  г-а Никица Корубин, поранешна пратеничка  г-а Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт.

На дебатата говорниците истакнаа дека тензиите меѓу двете земји најголема штета им прават на бизнисот и инвестициите. Според поранешната пратеничка г-а Никица Корубин, односите меѓу двете земји се условени од политиката, а тензиите во двете држави ќе се намалат со гласањето на уставните измени.

Според др. Вања Петрова, постар аналитичар од центарот за следење на демократијата во Софија, за да се надминат историските проблеми, неопходно е да се фокусираме на инвестициите, образованието и културата, како и подобрување на патната инфраструктура помеѓу двете држави.

Г-а Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт се осврна на нивните последни истражувања кои укажуваат на снижена поддршка за Европската унија меѓу македонски граѓани, како и многу ниска спремност да се поддржат предвидените уставни измени. Сепак, таа се осврна на улогата и важноста на граѓанското општество кон релаксирање на односите помеѓу граѓаните на двете општества, иако најважниот товар треба да го понесат владите.

Во отворената дискусија, присутните истакнаа дека е важно да се справуваме со национализмите во своите општества, наместо да се преокупираме со она што се случува кај соседите.

По овој настан, проектот продолжува со уште две кафе дебати и повеќедневна средба на претставници од граѓанскиот сектор во двете држави.

 

Оваа кафе дебата  е дел од проектот: „Поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија“ поддржан од Чешката амбасада во Северна Македонија. Евротинк кафе дебатата е единствена одговорност на ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии  и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Чешката амбасада во Скопје. 

15/05/2023