Клучни информации за проектот
Донатор
Европска унија
Временска рамка на спроведување
март 2023 – февруари 2026
Општа цел на проектот
Надградување на медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Специфични цели на проектот
· Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ
· Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.
· Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж
Активности
· Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.
· Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони
· Менторска програма за млади новинари-практиканти.
· Две Школи за европски политики
· Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)
· Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси. Износот по поединечен грант е проектиран да биде до 15,000€.
· Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.
· Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните