Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ објавува повик за новинари уредници кои би работеле со млади новинари – практиканти при подготовка на теми/ новинарски прилози (текстови, аудио/видео материјали) за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија.
Времетраење на ангажманот: 4 месеци во кои се очекува максимален ангажман од 15 часа неделно, односно 60 часа во текот на еден месец. Работните часови се предмет на флексибилен работен ангажман. Надоместокот ќе биде исплатен по доставениот извештај и завршениот ангажман.
Потребни документи:
Работна биографија со референци за претходно искуство (линкови/копии од материјали и сл)
Мотивациско писмо
Квалификации и искуство
Менторот треба да ги исполнува следните минимални услови:
- Најмалку 5 години искуство во новинарството;
- Искуството на позицијата уредник и претходна работа со ЕУ поврзани проекти е добредојдено; Искуството во менторство на новинари, ќе се смета за предност;
- Темелно разбирање за состојбите и покриеноста на темата за евроинтегративните процеси на земјата;
- Активно познавање на англискиот јазик.
Пожелни вештини:
- Напредно користење на алатки за мултимедијални содржини и алатки за визуелизација на податоци;
- Алатки за истражување и верификација на податоци;
- Комуникациски вештини и соработка со поединци и групи од различни културни, етнички и други заедници.
Ангажман на менторот:
Ангажираниот ментор ќе биде одговорен за 3 (три) млади новинари/практиканти и за нивната подготовка на новинарски прилози на теми за евроинтегративните процеси во времетраење од 3 (три) месеци и подготвителниот 1 (прв) месец.
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација и придружната барана документација преку електронска пошта на следнава адреса: eurothink@eurothink.mk најдоцна до 15.02.2024година до 16часот. Дополнителни информации на горенаведената ел. адреса и/или на тел. 070 245 568.
Целиот повик можете да го преземете овде.