Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Промо-видео за проектот „Медиумите за ЕУ“

Промо видео за проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ (анг. Media 4 EU– Civil Society Program for the participation of media in North Macedonia’s EU membership negotiation).

Основна цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Предвидени проектни активности во рамки на проектот, се следниве:
-Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.
-Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони
-Менторска програма за млади новинари-практиканти.
-Две Школи за европски политики
-Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)
-Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна
-Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси.
-Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.
-Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните.

09/11/2023