Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Преговарачките рамки со Северна Македонија и Албанија ќе бидат поднесени до членките на Унијата

Во денешното обраќање пред Европскиот Парламент, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека преговарачките рамки на ЕУ со Албанија и Северна Македонија ќе им бидат поднесени неделава на земјите членки на ЕУ.

Вархеји се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во врска со извештајот за Западен Балкан. Тој истакна дека Европската Комисија го врати регионот во срцето на Европа во првите шест месеци од оваа година и дека ветувањата кон регионот се претворија од зборови во дела.

Преговарачките рамки беа ветени во текот на јуни, додека пак редовните извештаи за напредокот на сите земји од регионот се одложени за наесен, кога Европската Комисија треба да понуди и голем економски и инвестициски план за излез од кризата на регионот.

18/06/2020