Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Преговори со ЕУ – Информативно едукативни сесии за студенти

Евротинк, во партнерство со НВО Инфоцентар, преку платформата Зум одржа три информативно едукативни сесии за студенти од втора, трета и четврта студиска година на три универзитети.

Не сесиите, насловени „Демистификација на претпристапните преговори со ЕУ и новата преговарачка методологија“ учествуваа вкупно седумдесет и двајца студенти и професори од правните факултети при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Меѓународниот универзитет Визион.

На сесиите имаа можност да се запознаат со основите на пристапните преговори и новата преговарачка методологија на ЕУ, како и со капацитетите на ресурсната платформа eu.org.mk која нуди можност за идентификување на релевантни елементи и извори на информации, податоци и видеа во врска со Европската Унија.

Информативно едукативните сесии се организираат во рамките на проектот „MK&EU – НАУЧИ, СПОДЕЛИ, ВКЛУЧИ СЕ!”, кој го спроведуваат НВО Инфоцентарот и Центарот за европски стратегии – Евротинк, како дел од програмата CIVICA MOBILITAS, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СЦД), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).

Сесиите продолжуваат за претставници од граѓанскиот сектор, заинтересирани граѓани, новинари и одлучувачи.

06/11/2020