Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи преку видео-конференција на 6 мај

Самитот ЕУ-Западен Балкан, првично закажан за 6 и 7 мај во Загреб, Хрватска, ќе се одржи како видео-конференција на 6 мај, потврди за ЕВБ претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Овој самит предвиден како пресвртна точка, односно како отворање нова перспектива во процесот на пристапување на регионот кон ЕУ, беше одложен во почетокот на април заради пандемија на Ковид-19.

На состанокот на лидерите на ЕУ и регионалните лидери се очекува потврда за политичката заложба на обете страни за заедничка иднина во Унијата, но и да се претстави европскиот економско-инвестициски пакет за Западен Балкан.

24/04/2020