„Со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, потпишавме договор за пристапување на Северна Македонија кон програмата за дигитална администрација ИСА2, на ЕУ. После долгите разговори за проширување со комесарот Хан, сега, и тој и ние на нови позиции. Особено ме радува што првиот договор што го потпишуваме откако официјално ги почнавме преговорите со ЕУ, е токму на тема дигитализација.“, објави на својот Фејсбук-профил министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
ИСА2 е централна програма на Европската Унија која поддржува активности за развој на ИКТ во јавната администрација, давање електронски услуги и генерално, дигитализација во јавниот сектор. Програмата е наменета за земјите членки на ЕУ, но направен е исклучок да се дозволи и Северна Македонија како земја кандидатка да биде активна членка.
Во согласност со препораките за справување со Ковид-19, договорот се потпишал дигитално.
Целосната изјавата на министерот Манчевски можете да ја видите во видеото: