Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Што прави ЕУ?

На следните страници се прикажани кратки информации за различните области на активност на Европската унија како и врски до клучни документи од соодветната област и дополнителни корисни ресурси.

Економската и монетарната унија (ЕМУ) и Еврото претставуваат заеднички темели за поголема стабилност на економијата, за повеќе раст и поголема благосостојба ширум Унијата.

Во рамки на Економската и монетарната унија економиите на ЕУ се обединети и интегрирани преку координираните економски и фискални политики, заедничката монетарна политика и заедничката валута – еврото.

Видео за комплетирање на ЕМУ

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:  Тема: Економија, финансии и евро

Документ за разгледување на продлабочувањето на економската и монетарната унија

ЕУ вложува големи напори за да ја смали емисијата на стакленички гасови и за да премине кон чиста, ниско јаглеродна и одржлива економија како и за ублажување на неизбежните последици на климатските промени.

Со мерките за ограничување на климатските промени кои ги презема ЕУ настојува да се справи со проблемите поврзани со промените во климата на Земјата, особено порастот на глобалните температури како резултат на емисијата на стакленички гасови што е последица на човековите активностиПовисоките просечни температури имаат бројни последици, вклучувајќи ги силните и позачестени екстремни временски прилики, како што се поплавите, сушите и луњи. Ваквите временски непогоди ги доведуваат луѓето во непосредна опасност, а можат да го загрозат и производството на храна и предизвикуваат недостаток на вода, што пак може да предизвика глад, регионални судири и масовни миграции.

 

Видео за Парискиот климатски договор :

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:  Тема: Климатска акција

Брошура за Европската стратегија „Чиста планета за сите“ долгорочна визија за климатски неутрална Европа до 2050

Видео за финансирање на климатска акција

Европската унија настојува да воспостави безбедносна Унија и Европа да ја направи побезбедна така што се бори против тероризмот и тешките казнени дела како и со јакнење на надворешните граници на Европа.

ЕУ на своите граѓани им нуди простор во кој може да уживаат во слобода, безбедност и правда без внатрешни граници. Главна цел на безбедносната унија тој простор да го направи побезбеден. ЕУ и државите-членки соработуваат во борбата против тероризмот и насилната радикализација, тешкиот и организираниот криминал како и сајбер криминалот.

 

Видео Пешачење преку граници: Словачка- Полска

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ Тема: Граници и безбедност

Брошура за граници и безбедност во ЕУ

Европол

Целта на ЕУ е да ја зголеми конкурентноста на индустријата и претпријатијата во ЕУ , да го промовира отворањето на нови работни места и растот преку создавање на опкружување кое го поттикнува работењето.

Целта на индустриската и политиката на поддршка на претприемништвото на ЕУ е подобрување на деловното опкружување, поттикнување на претприемничка клима и отворање на работни места како и олеснување на пристапот до финансии и пристапот до пазарите за малите претпријатија. Малите и средните претпријатија чинат 99%  од вкупниот број претпријатија во ЕУ и вработуваат две третини од вкупниот број на вработени во приватниот сектор.

Политиката на ЕУ го поттикнува создавањето на нови претпријатија и ги поддржува иновативните претпријатија во нивните настојувања да вложуваат во својот раст. Со подобри трговски договори се отвораат пазари за претпријатијата на ЕУ и може да се преземаат мерки за спречување на нелојалната пазарна конкуренција од подрачја надвор од ЕУ.

Видео : Бизнис портал за Работење во ЕУ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Претприемништво и индустрија

Инфостраници: Практичен водич за работење во Европа

Брошура: Стратегија за индустриска политика на ЕУ

Инфострана: Европска повелба за МСП

 

Единствениот пазар е едно од најголемите постигнувања на ЕУ. Тој го поттикнува растот и отворањето на работни места и го олеснува секојдневието на граѓаните и претпријатијата.

Благодарејќи на Единствениот пазар (кој понекогаш се нарекува и Внатрешен пазар)  луѓето, стоките, услугите и капиталот се движат во ЕУ речиси исто толку слободно колку и во внатрешните граници на една држава. Граѓаните на Унијата можат да студираат, живеат, работат и да се пензионираат во било која држава-членка на ЕУ како и да уживаат во производите од цела Европа.

За да биде поедноставно движењето во рамките на Единствениот пазар на Унијата укинати се стотици технички, правни, бирократски препреки за слободната трговија и слободното движење меѓу државите-членки на ЕУ. Тоа доведе до ширење на работата на претпријатијата, а пазарниот натпревар резултираше со снижување на цените и поголеми можности за избор на потрошувачите. На пр. телефонските повици во Европа се без роаминг трошоци, паднаа цените на авионските билети и се воведоа многу нови линии. ЕУ истовремено се труди да осигура дека овие поголеми слободи не ја нарушуваат праведноста, заштитата на потрошувачите или одржливоста на животната средина.

Видео : Информативен центар за Единствениот пазар

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:   Тема : Единствен пазар

Инфостраници: Унија на пазар на капитал

Флаер: Цели на Унијатата на пазарите на капитал

Видео за капитална унија

ЕУРЕС Портал за работна мобилност во Европа

Видео: Европска професионална картичка за електронско признавање на професионални квалификации во Европа

Целта на единствениот дигитален пазар на ЕУ е да создаде услови за луѓето и претпријатијата да ги искористат предностите на дигиталните технологии и да ја подобри позицијата на ЕУ во светската дигитална економија.

ЕУ работи на отстранување на препреките  кои го оневозможуваат користењето на сите предности на интернетот за граѓаните, владите и претпријатијата. Решенијата меѓу другото вклучуваат и укинување на географското блокирање, укинување на надоместоците за роаминг на мобилните телефони и решавање на проблемите на пристап до интернетот или недостатокот на дигитални вештини, но и нови правила за преносливост која на луѓето ќе им овозможи пристап до нивните интернет претплати на телевизија, игри и музика додека патуваат внатре во ЕУ на ист начин на кој пристапуваат и дома.

 

Видео : Дигитален единствен пазар

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ: Тема :Единствен дигитален пазар

Брошура Дигитализација на европската индустрија

Инфографик за Европската cloud иницијатива

ЕУ придонесува за отворање на поголем број и подобри работни места и настојува да создаде задоволителни социјални стандарди за сите свои граѓани, меѓу останатото и со 84,5 млд. Евра од Европскиот социјален фонд. Одговорноста за политиката на вработување и социјалните прашања е поделена меѓу државите-членки и ЕУ. Европската комисија ги определи работните места, растот и вложувањата како свои главни приоритети кои се поттикнуваат со Планот за инвестиции во Европа.

 

Видео : Европска иницијатива за младинска гаранција

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:  Тема :Вработување и социјални прашања

Документ за разгледување на социјалната димензија на Европа

Брошура: Европски столп на социјални права

ЕУ помага да се унапреди квалитетот на образованието со поттикнување на соработката меѓу државите-членки и преку надополнување на националните мерки. Програмата Еразмус + пружа можности за луѓето од сите возрасти, а за младите овозможува студирање, стручно оспособување (обука) стекнување на работно искуство или волонтирање во земјата или во странство.

 

Видео : Еразмус плус : Како функционира

https://www.youtube.com/watch?v=yoO77I_hADY

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:    Тема: Образование и обука

Европска соработка во полето на образованието и обуката 2020

Документ 8 клучни компетенции за доживотно учење

Инфографик: Преглед на целите за образование и обука во Европа 2018 год.

ЕУ е најголемата светска фабрика на знаење, заслужна за речиси третина од глобалното научно и технолошко производство. Но, соочена со растечката светска конкуренција, ЕУ мора да почне успешно да ги претвора врвните истражувања и иновативните идеи во успешни производи и услуги. Секоја држава-членка на ЕУ има сопствени истражувачки политики и програми за финансирање, но многу важни проблеми поефективно би се решиле доколку им се помогне на истражувачите и иноваторите од различните држави да соработуваат. Затоа Истражувањето и иновации се поттикнуваат на ниво на ЕУ, а особено во рамки на програмата Хоризонт 2020. Во рамките на програмата за истражување и развој Хоризонт 2020 вредна околу 80 млд. Евра се поттикнуваат растот и вработувањето во ЕУ како и решавањето на некои од најголемите предизвици.

Истражувањето и иновации се клучни за европското општество и економија. Тие ја чинат основата на европските настојувања во поглед на отворањето на квалитетни работни места и поттикнување на раст и вложувања, а пружаат и знаење и решенија кои се потребни за решавање на итни проблеми како на пр. бегалската криза и долгорочни општествени предизвици, како што се климатските промени.

Истражувањето и иновации исто така придонесуваат за унапредување на животот на луѓето благодарение на подобрувања во областа на здравство, транспорт и енергијата. Тие се и основа за неброени нови производи и услуги кои можат да го подобрат квалитетот на животот и економските резултати.

Видео: Хоризонт 2020

https://www.youtube.com/watch?v=t9J-8y9HmBM

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:     Тема: истражување и иновации

Брошура истражувачки инфраструктури
БРОШУРА ВИЗИЈА ЗА ЕВРОПА: OPEN INNOVATION, OPEN SCIENCE, OPEN TO THE WORLD

Регионалната политика е насочена кон сите региони и градови во ЕУ со цел да се поттикне отворањето на нови работни места, конкурентноста на претпријатијата, економскиот раст и развој и одржливиот развој како и квалитетот на живот на граѓаните.

Со регионалната политика се изразува европската солидарност преку поттикнување на економскиот раст и подобрувањето на квалитетот на живот со стратешки инвестиции. Најголем дел од средствата се наменети за помош на послабо развиените држави и региони на ЕУ  да ги достигнат останатите со што се намалуваат разликите во економскиот, социјалниот и територијалниот развој кои се сѐ уште присутни во Европа. Инвестициите се реализираат преку илјадници проекти, одбрани од самите држави-членки и нивните региони во рамките на претходно договорени национални програми и ко-финансирани од национални јавни или приватни извори..

Видео: Регионална (кохезиона) политика во ЕУ

https://ec.europa.eu/regional_policy/en/information/videos/the-european-union-s-cohesion-policy-investing-in-your-regions-and-cities

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ:     Тема: Регионална политика

Брошура за резултатите од Регионалната политика  2007-2013

Инфографик : постигнати резултати од Регионалната политика 2007-2013

Инфострана Интеррег: Европска територијална соработка

Со транспортната политика на ЕУ се помага напредокот на европската економија преку развој на модерна инфраструктурна мрежа со која патувањата стануваат побрзи и посигурни со истовремено поттикнување на одржливи и дигитални решенија.

На Европа и се потребни поефикасни сообраќајни врски за поттикнување на трговијата, растот и вработувањето. Прометот многу придонесува за економијата: сообраќајните услуги во 2016 создале приближно 664 млд. евра бруто додадена вредност (придонес кон економијата) а во нив се вработени околу 11 милиони луѓе.

Транспортната политика на ЕУ  е насочена кон создавање на единствена европска транспортна област со праведни услови на пазарно натпреварување за различните видови на транспорт и меѓу нив.

 

Видео: Европска недела на мобилност: Sharing

https://www.youtube.com/watch?v=SgeVK8GLFOs&feature=emb_title

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ: Тема: Транспорт

Права на патникот во сообраќајот (автобуски, железнички, авионски и бродски)

Инфраструктура и инвестиции

Заедничката земјоделска политика осигурува стабилно снабдување со храна произведена на одржлив начин по пристапни цени за повеќе од 500 милиони потрошувачи во ЕУ. Покрај тоа, таа ги поттикнува вработувањето и развојот во руралните области.

Заедничката земјоделска политика се применува во сите држави-членки на ЕУ, а се финансира од буџетот на ЕУ. Политиката ги поттикнува прехранбениот и земјоделскиот сектор на ЕУ, кои се еден од најзначајните економски сектори во кој се вработени околу 44 милиони луѓе.

Околу 61 милијарди евра (околу 38 % од буџетот на ЕУ)се вложени во  2016год. за поттикнување на земјоделците за производство на храна на одржлив начин, со што истовремено се поттикнува растот на руралните подрачја и нивното зачувување. Со заедничката земјоделска политика ширум Унијата се поттикнуваат земјоделски практики кои се поволни за животната средина, климата како и здрави начин на живот.

Видео: Заедничка земјоделска политика

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Земјоделство и рурален развој

Брошура Извоз на земјоделски производи надвор од ЕУ

Брошура Статистички податоци за земјоделството на ЕУ

Agri food Портал со податоци

Стандардите на ЕУ за заштита на животната средина се меѓу највисоките во светот, а со нив се заштитува природата и квалитетот на живот на луѓето, се поттикнува преминот кон зелена економија и се остварува разумна и рационална употреба на природните ресурси.

Потешкотиите во областа на животната средина не познаваат граници. Затоа со нив треба да се соочиме соработувајќи со ЕУ и со остатокот од светот.

Заштитата на животната средина и промовирањето на одржливиот раст се тесно поврзани. Политиката на заштита на животната средина игра клучна улога во отворањето на работни места и во поттикнувањето на инвестиции. Зелените иновации можат да се применуваат и извезуваат, што ја прави Европа поконкурентна и ги подобрува здравјето и благосостојбата на луѓето.

Видео: 7ма акциска програма за животна средина

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Животна средина

НАТУРА 2000 Европските заштитени подрачја

Постер: 50 години заштита на животната средина

Со енергетските политики ЕУ сака да обезбеди сигурно, конкурентно и поволно снабдување со енергија при истовремено остварување на своите климатски цели.

Европа е соочена со бројни и големи енергетски проблеми. Покрај основната цел за обезбедување на сигурно снабдување со енергија за цела Европа по разумни цени и за сите, постои и се поголема потреба за олеснување на преминот од фосилна економија кон јаглеродно неутрален систем односно премин кон чиста енергија. Европа мора да ја зголеми својата енергетска ефикасност, целосно да ги прифати иновациите и новите технологии, да ги подобри прекуграничните енергетски врски и да ја намали зависноста од увозот на енергија.

 

Видео: Стратегија на ЕУ за енергетска сигурност

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Енергија

Стратегија за Енергетска унија на Европа

Индикатор за следење на напредокот кон остварувањето на Енергетската унија

Со својата надворешна и безбедноста политика, ЕУ може усогласено да настапува и делува на светско ниво, државите-членки може да ги решаваат проблемите кои не би можеле да ги решат сами а со неа се обезбедува и сигурноста и напредокот на граѓаните на ЕУ.

Политиката ја спроведува Претставникот на ЕУ за надворешни работи (Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика) потпомогнат од ЕЕАS Европска служба за надворешни работи (дипломатска служба на ЕУ). Надворешното делување на  Унијата се води од принципите кои го мотивираат и нејзиното основање и развој и кои таа се обидува да ги промовира и поттикнува на глобално ниво, вклучувајќи ги мирот, демократијата, владеењето на правото, човековите права и основните слободи.

 

Видео: Европска надворешна политика / Глобална стратегија

https://www.youtube.com/watch?v=JcHHI9KHSXk

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Заедничка надворешна политика и безбедност

Документ Глобална стратегија на ЕУ за надворешни работи и безбедност

Брошура Систем за брзо известување: справување со дезинформации во ЕУ

Било која европска држава може да поднесе барање за членство доколку ги почитува демократските принципи на ЕУ и ако е посветена на нивното поттикнување.. Но за да станат членки државите мора да исполнат одредени критериуми за членство. Можноста за членство во ЕУ е силен поттик за спроведување на демократски и економски реформи во државите кои сакаат да станат нејзини членки.

ЕУ е основа за поттикнување на мирот, напредокот и европските вредности ширум Европа. Проширувањето е процес низ кој државите пристапуваат кон ЕУ. Од нејзиното основање во 1957 година Унијата се прошири од 6 на 28(27) членки. Една од целите на придружување на другите држави кон ЕУ е зголемувањето на солидарноста меѓу граѓаните на Европа и зголемувањето на нивната благосостојба со истовремено почитување и зачувување на меѓусебните разлики.

Видео: Проширувањето на ЕУ – како функционира?

https://vimeo.com/143848292

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Проширување на ЕУ

Документ Стратегија за проширување на ЕУ:

Копенхагенски Критериуми за членство

Како клучен елемент на надворешната политика на ЕУ, политиката на соседство е насочена кон стабилизација на регионите во политичка, економска и безбедносна смисла.

Во рамките на политиката на соседство се управува со односите на ЕУ со нејзините 16 најблиски источни и јужни партнери.  Со неа се изразува желбата на ЕУ за натамошен развој на заедничките интереси со партнерските држави и посветеноста кон заедничка работа во приоритетните области кои вклучуваат промоција на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, како и подобрување на економскиот развој, климата за инвестиции и социјалната кохезија. Еден од приоритетите е и јакнењето на отпорноста на државите и општествата на партнерите на ЕУ кои се соочуваат со закани и притисоци вклучувајќи ги и проблемите поврзани со миграциите и мобилноста.

 

Видео Источно партнерство

https://www.youtube.com/watch?v=1oFC7L0f8N0&list=PLsAbGOcWnbyo-FuSh55k-miMjqJatJ8l3&index=7

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Европска политика на соседство

Документ Ревизија на политиката на соседство

Источно партнерство

Финансиски инструмент за соседство ЕНИ

ЕУ е заговорник на слободна трговија. Со секоја милијарда извоз од ЕУ се поддржуваат 14.000 работни места во Европа.36 милиони работни места се поврзани со трговијата. ЕУ се бори за отворени пазари кои се темелат на правила, еднакви услови и највисоки меѓународни стандарди.

ЕУ е најголемата трговска сила со една од најотворените економии на светот. Се предвидува дека 90% од идниот глобален раст ќе се остваруваат надвор од Европа и дека третина од националниот доход зависи од трговијата. ЕУ има исклучива надлежност во името на своите држави-членки да донесува законодавство за трговијата и да склучува меѓународни трговски договори во рамките на подрачјата опфатени со заедничката трговска политика на основа на правилата на Светската трговска организација.

Трговската политика на ЕУ опфаќа трговија со стока и услуги, но и прашања како што се комерцијалните аспекти на интелектуалната сопственост и директните странски инвестиции. Трговските спогодби не се цел сами за себе. Во нив се промовираат европските вредности и принципи во целиот свет, па затоа сите трговски спогодби кои ги склучува ЕУ вклучуваат одредби за одржлив развој, особено за заштита на животната средина и условите за работа.

 

Видео: Трговската политика на ЕУ објаснета

https://www.youtube.com/watch?v=IiOC5XG2I5Y&feature=emb_title

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Трговија

Документ за разгледување на совладувањето на глобализацијата

Документ Европски фонд за прилагодување на глобализацијата

Развојот е во средиштето на надворешната политика на Унијата, а ЕУ обезбедува повеќе од половина од светските финансиски средства за соработка.

Односите на ЕУ со остатокот од светот се темелат на солидарност и соработка. Прашања како што се климатските промени, насилниот екстремизам, незаконската трговија и илегалните миграции не познаваат граници, и само преку соработка со партнерските држави во развој е можна борбата против екстремната сиромаштија.

Развојната соработка ЕУ не ја смета за милост туку за вложување во одржлива, заедничка иднина. Затоа ЕУ е водечки заговорник на програмата на ООН за одржлив развој до 2030, а во својот сопствен европски консензус за развој: ‘Our world, our dignity, our future’ утврдува како ЕУ ќе се насочи на „населението, планетата, благосостојбата, мирот и партнерството“ во својата работа на остварување на целите на Програмата за одржливиот развој до 2030 год.

 

Видео: Зголемување на ефектот на европската помош-Агенда за промена

https://www.youtube.com/watch?v=OSSFO3xW1RM

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Меѓународна соработка и развој

Инструменти за финансирање на надворешната соработка

ЕУ заедно со своите членки е водечки светски донатор на хуманитарна помош која пружа и координира помош за луѓето во подрачја погодени од катастрофи во Европа и ширум светот.

Помошта во износ од 2,2 млд. евра во 2017 година им помогна на повеќе од 120 милиони луѓе во повеќе од 80 држави. ЕУ одговара на кризните ситуации во рамките на Главната управа за европска цивилна заштита и европски операции за хуманитарна помош (ECHO) која обезбедува брза и ефикасна испорака на помош од ЕУ преку 2 главни инструменти: хуманитарна помош и цивилна заштита. ЕУ испраќа тимови за пружање на помош во многу кризни подрачја на ЕУ и во целиот свет во рамки на Механизмот за цивилна заштита.

 

Видео: ЕУ хуманитарна помош и цивилна заштита

https://www.youtube.com/watch?v=YCW9qiKb42Y

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема : Хуманитарна помош и цивилна заштита

Европска програма за волонтери

На своите граѓани ЕУ им ги гарантира темелните права и ги заштитува од дискриминација а со заедничкото правосудно подрачје ЕУ ги разрешува прекуграничните правни спорови на граѓаните и претпријатијата.

ЕУ не е само единствен пазар на стоки и услуги. Европјаните споделуваат и вредности кои се утврдени со Договорите на ЕУ и со Повелбата на темелни права во согласност со кои им се гарантираат правата на граѓаните на ЕУ (секое лице кое е државјанин на некоја држава-членка истовремено е и граѓанин на ЕУ).

ЕУ го олеснува животот на Европјаните кои студираат, работат или стапуваат во брак во други држави -членки на ЕУ на тој начин што воспоставува мостови меѓу различните национални правни системи ширум Унијата. Благодарејќи на заедничката област на правда без граници и препреки, граѓаните ќе можат да се потпрат на еднаков збир на права и ќе имаат пристап до правда низ целата Унија.

 

Видео: Заштита на правата на граѓаните на ЕУ

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Правосудство и темелни права

EUROJUST European Union Agency for Criminal Justice Cooperation    

EPPO Европско јавно обвинителство

Здравјето на граѓаните е еден од главните приоритети на ЕУ. Со здравствената политика на ЕУ се надополнуваат политиките на државите-членки да се обезбеди дека сите што живеат во Унијата се заштитени од сериозни прекугранични закани за здравјето како и дека имаат пристап до квалитетна здравствена заштита.

Иако организацијата на здравствената заштита е одговорност на поединечните  државите-членки, ЕУ ги надополнува националните политики за да се постигнат заедничките цели. Улогата на ЕУ во подготовката за сериозни прекугранични закани по здравјето и одговор на истите е клучна за заштита на Европјаните и вклучува активности во областа на вакцинацијата, борбата против антимикробната отпорност и спречување и ограничување на пандемии и други инфективни болести како што е еболата.

Во рамки на политиката на здравствена заштита на ЕУ се создаваат економии на обемот преку здружувањето на ресурси им се помага на државите во решавањето на заедничките проблеми, вклучувајќи ги факторите на ризик за хронични болести или влијанието на продолжениот очекуван век на живот врз здравствените системи.

 

Видео: Состојба со здравјето во Европа

https://europa.eu/!Ng66gx

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Јавно здравје

Состојба со здравјето во ЕУ

Платформа на ЕУ за јавно здравје

 

Мерките на ЕУ на подрачјето на безбедност на храната го штитат здравјето на луѓето , животните и растенијата во секој чекор од фармата до трпезата а истовремено и се помага на прехранбената индустрија да оствари напредок.

Политиката на ЕУ за безбедност на храната настојува да осигура дека се произведува безбедна и храна богата со хранливи состојки, добиена од здрави животни и растенија или дека таква храна се увезува во ЕУ и на прехранбената индустрија, која е најголем европски производен сектор и вработува најголем број луѓе, да и овозможи најдобри услови за работа. Здравјето се штити во секој чекор на ланецот на исхрана преку спречување на контаминација на храната и поттикнување на хигиената на храната, здравјето на растенијата, и здравјето и благосостојбата на животните. Правилата на ЕУ пак за означување на храната им пружаат на потрошувачите информации кои се важни за нивното здравје.

 

Видео: Безбедност на храната

https://audiovisual.ec.europa.eu/en/video/I-086109

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ  Тема: Безбедност на храната

Документ Бела книга за безбедност на храната

Инфографик Како да се намали фрлање на храна

Со политиката на заштита на потрошувачите на ЕУ се штитат правата на потрошувачите, се осигурува безбедноста на производите, им се помага на граѓаните да донесуваат информирани одлуки при купувањето на производите и услугите и се нудат алатки за решавање на проблемите ако дојде до нив.

Единственост пазар на ЕУ им нуди поголем избор, флексибилност, подобар квалитет и поголема вредност за парите на потрошувачите. Но поголемиот избор може да претставува и предизвик за потрошувачите, особено кога се работи за области кои брзо се развиваат, како што се дигиталните, енергетските и финансиските услуги. Со политиката на заштита на потрошувачите ЕУ го обезбедува почитувањето на правата на поединецот во случаите кога доаѓа до проблеми при купувањето на производи или услуги во други држави-членки на ЕУ, меѓу останатото и преку интернет. Таквата политика помага за зголемување на довербата на потрошувачите ширум ЕУ а добра е и за претпријатијата кои работат прекугранично, на целиот единствен пазар на ЕУ.

 

Видео: Потрошувачки права

https://www.youtube.com/watch?v=PQnM-k4k0Z8

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема: Потрошувачи

ECCN Европска мрежа на потрошувачки центри

Документ стратегија за потрошувачите

ЕУ настојува да обезбеди финансискиот систем да остане силен и безбеден и на потрошувачите и претпријатијата на единствениот пазар да им бидат достапни финансиските производи кои им се потребни.

Финансиските институции и пазар имаат клучна улога за стабилноста и растот на економијата на ЕУ. Со нив се обезбедува финансирањето на домаќинствата и претпријатијата, им се овозможува на граѓаните да штедат и вложуваат, се нуди осигурување од ризици и се олеснува плаќањето.,

Неуспехот на финансискиот систем може да има далекусежни последици. Финансиската криза од 2008та покажа дека ниедна држава-членка на ЕУ не може самостојно да управува со финансискиот сектор и да ги надгледува ризиците за финансиската стабилност. По кризата ЕУ спроведе амбициозни реформи за да го зајакне финансискиот систем и својата способност да се носи со идните финансиски и економски кризи. Тоа вклучува и строги правила за заштита на депозитите во случај на ликвидација на банките.

 

Видео: Унија на капиталните пазари

https://www.youtube.com/watch?v=prPt0QXGYVs

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема: Банкарски и финансиски услуги

Видео Банкарска унија

Брошура Европски акционен план за одржливо финансирање на развојот

Со правилата на ЕУ за пазарен натпревар таа настојува да обезбеди чесен и праведен натпревар за сите претпријатија на единствениот пазар имајќи ги во вид користите за потрошувачите, претпријатијата и целата европска економија.

Заедно со националните тела надлежни за конкуренција и националните судови Европската комисија ја применува политиката за заштита на конкуренцијата на ЕУ и правилата со кои се обезбедува фер натпревар меѓу претпријатијата. На тој начин се придонесува за намалување на цените и подобрување на квалитетот, поттикнување на иновации и ефективноста како и креирање на поголем избор за потрошувачите.

 

Видео: Борба против картелите

https://audiovisual.ec.europa.eu/en/video/I-072385

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема:  Конкуренција

Случај Нелегална ирска државна помош за APPLE

Сузбивање на монополи 4,34 млд. евра казна за GOOGLE

Иако националните влади се одговорно за воспоставување на даночните стапки и прибирање на даноците, ЕУ обезбедува да не дојде притоа до дискриминација на поединците или претпријатијата од другите држави-членки и даноците да не го попречуваат слободното функционирање на единствениот пазар на ЕУ.

Владите на држави-членки имаат голема слобода во изготвувањето на даночните закони во согласност со националните приоритети. Но, притоа мора да применуваат некои основни принципи како што се спречување на дискриминацијата и можностите за слободно движење на стоките и услугите на единствениот пазар. Се поголем број претпријатија и поединци делуваат во повеќе држави што ги олеснува нивните обиди на законит начин, да платат пониски даноци („избегнување на даноци“) или да не ги платат доспеаните даноци („затајување  на даноци“)  Ваквите проблеми државите-членки не може да ги решаваат самите и заради тоа соработуваат со цел чесно оданочување.

 

Видео: Справување со избегнувањето на даноците

https://www.youtube.com/watch?v=0Rf4fEZdRjg

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема: Оданочување

Документ акциски план за борба против даночни измами и евазија

Царинската унија е една од малкуте области за која Европската унија има исклучива надлежност. Европската комисија предлага законодавство за царинските прашања во ЕУ и ја обезбедува нивната примена.

Во рамките на Царинската унија на ЕУ сите држави членки соработуваат за да се обезбеди слободна циркулација на стоката увезена во ЕУ и таа да биде безбедна за луѓето, животните и животната средина.

Царинската унија значи дека државите кои се вклучени во неа применуваат исти тарифи на стоката која се увезува на нивната територија од останатиот дел од светот а меѓу себе не применуваат никакви тарифи. Во случајот на ЕУ тоа значи дека при превозот на стока од една во друга држава не се плаќаат никакви царини.

 

Видео: 1 минута во животот на европскиот цариник

https://www.youtube.com/watch?v=hWhAcztn06k&feature=emb_title

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема: Царини

Брошура Царинска унија на ЕУ: заштита на луѓето и зајакнување на трговијата

ЕУ настојува да го зачува заедничкото културно наследство на Европа и да го направи достапно за сите. Во рамки на програмата „Креативна Европа“ таа ги поддржува уметноста и развојот на културните и креативните сектори.

Културата и креативноста се во самиот центар на европскиот проект и културната политика на ЕУ. Богатото европско културно наследство и динамичните креативни сектори збогатуваат и исполнуваат милиони луѓе и  им пружаат чувство на идентитет.

ЕУ настојува да ги заштити културното наследство и различноста во сите држави и да го искористи потенцијалот на културните и креативните индустрии за економијата и општеството. Политиката на ЕУ настојува да реши заеднички прашања како што се преминот кон дигиталното производство и содржина, како и поттикнувањето на иновациите во културниот сектор. Новата европска агенда за култура содржи конкретни мерки за искористување на полниот потенцијал на културата.

 

Видео: Креативна Европа

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ   Тема: Култура и медиуми

Аудиовизуелни и други медиумски содржини

Документ Нова европска агенда за култура

 

Со своите политики и програми за млади ЕУ настојува да обезбеди целосно учество на младите во сите општествени области и да им понуди повеќе можности во поглед на образованието и пазарот на трудот.

Општествената вклученост на младите е клучна за европското општество и за демократскиот живот. Со новата стратегија за млади се поттикнува преодот во позрела возраст, здравјето и благосостојбата на младите луѓе, нивното учество во општеството, вклученоста во волонтерски активности и солидарни активности односно вработување и претприемништво. Политиките на ЕУ за млади луѓе нудат и можност за совладување на недостатоците во своето образование и вештини што ќе им овозможи подобро да ги решаваат проблемите и да придонесат кон позитивни промени во општеството. Тоа е особено важно затоа што невработеноста кај младите и понатаму е висока.

 

Видео: Европска стратегија за млади

https://www.youtube.com/watch?v=w_zCQNhiwTQ

 

Тема:  Млади

Европска стратегија за млади 2019-2027

Европски младински портал

САЛТО Ресурсни центри

ЕУ ги промовира здравствените предности и позитивните вредности на спортот, ја поттикнува соработката на креаторите на политиките и дијалогот со спортските организации а се бави и со проблемите како што се допингот, местење на натпреварите и насилството.

Спортот и вежбањето се составен дел од делот на милиони Европјани. Покрај тоа што го подобрува здравјето и делува позитивно, спортот може да помогне во решавањето на проблем како што се расизмот, социјалната исклученост и родовата нееднаквост.

Спорот има и значајни економски предности и е важна алатка во надворешните односни на ЕУ. За сега, политиката на спорт главно се спроведува преку програмата Еразмус +.

ВИДЕО:  #BEACTIVE: TOMORROW STARTS TODAY! LET’S GET EUROPE ACTIVE!
https://www.youtube.com/results?search_query=%23BeActive

Тема: Спорт

Документ План за работа на ЕУ во областа на спортот 2017-2020

Буџетот на ЕУ придонесува за остварување на резултати во области кои се важни за Европјаните.  Со здружувањето на средства на ниво на ЕУ, државите-членки може да постигнат повеќе отколку што би постигнале доколку делуваат самостојно.

Буџетот на ЕУ поддржува бројни политики  кои се спроведуваат во ЕУ и кои овозможуваат ЕУ да ја зацврсти својата важна улога на меѓународната сцена како предводник во борбата против климатските промени и како најголем донатор на хуманитарна и развојна помош во светот.

За време на економската и финансиската криза, буџетот на ЕУ се покажа како моќен инструмент за поттикнувањето на инвестиции. Бидејќи националните буџети во бројни држави-членки се под големо оптоварување, буџетот на ЕУ а особено структурните фондови од кризата во 2008 год., стана фактор на стабилизација за вложувањата во раст и работни места. Во последно време со буџетот на ЕУ се поттикнува и управувањето со надворешните граници на ЕУ и европскиот договор на бегалската криза, како и заканите поврзани со организираниот криминал и тероризам.

 

Видео : ЕУ буџет за иднината (2021-2027)

 

Тема:  Буџет

Документ за разгледување на финансиите на за ЕУ за иднината

Европска служба за против измами обезбедува парите на даночните обврзници да се искористат на најдобар можен начин преку истражување на случаи на измама, корупција и незаконски активности кои вклучуваат средства на ЕУ.

Корупцијата и измамите можат сериозно да и наштетат на економијата и да ја нарушат довербата на граѓаните во демократските институции и процеси. Но институционалната корупција не е единствена закана. Криумчарењето на цигари, избегнувањето на увозни царини на обувки и облека, примањето на субвенции за одгледување на портокали на непостоечки фарми се бројни примери за измами, мали и големи, со кои се трошат парите на европскиот даночен обврзник.

За да се справи со тие закани, Европска служба за против измами  (позната и како ОЛАФ) истражува измами ,корупција, незаконски активности кои вклучуваат средства на ЕУ, како и сериозни прекршоци на вработените во институциите на ЕУ, им помага на институциите во изработката и спроведувањето на политиките за спречување и откривање на измами. ОЛАФ е дел од европската комисија, но при објавувањето на своите задачи делува сосема независно.

 

Видео : ОЛАФ Европска служба за против измами

 

Тема: Спречување на измами

Документ Стратегија на ЕУ за борба против измами 2019

Со заедничката политика за миграција и азил ЕУ и помага на Европа во решавањето на проблемите со миграција на ефикасен начин.

Од 2015 год. повеќе од 3,2 милиони баратели на азил побараат меѓународна заштита од ЕУ. Многу од нив се бегалци од војните и насилството во Сирија и други држави во тешки ситуации,

ЕУ разви нов пристап за подобро управување со сите аспекти на миграцијата, со цел да се бори против илегалната миграција и шверцот, да спасува животи и да ги осигура надворешните граници на ЕУ, истовремено привлекувајќи луѓе со таленти и вештини.

 

Видео : Европска агенда за миграција по две години

https://www.youtube.com/watch?v=hXePnrhOvS4

 

Тема:  Миграции и азил

Европска агенда за миграција

Брошура разбивање на митовите за миграцијата

ЕУ ги заштитува морињата и океаните обезбедувајќи при тоа да останат економични и одржливи како придвижувачи на вработувањето, растот и иновациите.

Морињата и океаните ја придвижуваат европската економија . „Сината“ економија годишно создава милијарди евра бруто додадена вредности *придонес кон економијата). Стратегијата „Син раст“ има за цел искористување ба потенцијалот за одложив развој во морскиот и поморскиот сектор како целина.

Со заедничката рибарска политика ЕУ настојува да обезбеди еколошка, економска и општествена одржливост на рибарството и аквакултурата (одгледување на риба во контролирани услови) за да обезбеди извор на здрава храна за сегашните и  идните генерации Европјани. Целите на политиката се поттикнување на динамичка но одржлива рибна индустрија, вклучување на зачувувањето на ресурсите и заштитата на морската околина како и осигурување на пристоен  животен стандард за рибарските заедници.

 

Видео: Одржливо рибарство

https://www.youtube.com/watch?v=lPWe-7Ww2Mk

 

Тема :Поморство и рибарство

Брошура факти и бројки за заедничката рибарска политика

Европски атлас на морињата