Модели и форми на учество
„Тие се сметаат за двигатели на промените, простор за иницијативи и развој на општеството. Тие се исто така даватели на алтернативни економски модели и социјални иновации. Нивната работа е под влијание на повеќето појава на нови и разновидни потреби кои бараат нови типови на одговори. Се чини дека граѓанското општество се смета за лек за скоро сите проблеми со ЕУ “.
Даниел Батурина, истражувач, Институт за социјална политика, Правен факултет Загреб.
- Граѓански организации -промотори на европските политики
Граѓанските организации имаат бројни можности да добијат финансиска поддршка, главно во форма на грантови или пружање на услуги, доколку се активни во областите на политиките на ЕУ и/или преку своите активности директно го поддржуваат остварувањето на европските стратегии во соодветните области на работа, како на пр. социјални активности, поддршка на вработување, борба со климатски промени или зачувување на животната средина, но и многу други области . Грантовите на ЕУ според областа на политиката се достапни преку различни фондови, програми и други инструменти на ЕУ. За македонските граѓански организации овие можности за финансирање на нивните активности и проекти може да се поделат на три категории:
- Инструмент за претпристапна помош (ИПА II) во чии рамки во контекст на значењето што ЕУ го придава на граѓанското општество како еден од двигателите на најшироката европеизација на општествата е планирана и посебна програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите.
Види: Акциона програма за инструментот за граѓанското општество и медиуми 2018-2019 за Македонија
- Тематски програми. Во рамките на надворешната помош на ЕУ постојат повеќе тематски и географски инструменти, од кои најсоодветен за македонските граѓански организации е Инструментот за развој на демократијата и човековите права.
Види: The European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)
- Програми на Унијата во чии рамки постојат можности за финансирање на граѓански организации и пошироко, различни видови организации на граѓанското општество (синдикати, професионални здруженија, истражувачки институции итн.-) во клучни политики, како што се вработувањето и социјалната политика, истражување, млади, животна средина, уметност, култура итн.
Види: Преглед на програми за финансирање.
За еден преглед на сите Програми на Унијата кои се достапни за Македонија види го делот МК и ЕУ.
Повиците за ИПА II и EIDHR се објавуваат на електронскиот портал на Комисијата за повици за грантови и тендери во рамките на Директоратот за надворешната соработка и помош (DEVCO/EuropeAid). Повиците за Програмите на Унијата се објавуваат на SEDIA, електронскиот портал на Европската комисија за програми кои се менаџираат од Комисијата односно од Извршните агенции на Унијата.