Евротинк – Центар за европски стратегии во соработка со канцеларијата „Friedrich-Ebert-Stiftung “ во Скопје, а поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора организираат завршен настан на тема „Спроведување на Договорот од Преспа“ во четврток, 27.02.20220, во Holiday In хотел, Скопје.
На настанот ќе се разговара за спроведувањето на Договорот од Преспа досега и ќе биде презентиран краток документ на јавна политика и видео материјал за креирање политики за мониторинг и дискутирање на досегашните чекори и предизвици на спроведувањето. Материјалот е создаден во соработка помеѓу грчки и македонски аналитичари и новинари, разгледувајќи ги различните аспекти на договорот. Дискусијата ќе ја потенцира политичката димензија на спроведувањето и сè повеќе и помалку видливите чекори што се направени досега, со предизвици за понатамошно спроведување.